Кул пекарница во Солун, со највкусните кроасани - „Senol“ е уживање за сите сетила

Во близина на шеталиштето покрај море, во срцето на Солун, се наоѓа необична пекарница во која се прават најубавите кроасани во градот...

senol-kroasani-01.jpg

Во центарот на Солун, по една од уличките по кои најверојатно никогаш не сте поминале се наоѓа „Senol“, необичната пекарница каде што се произведуваат највкусните кроасани во Солун.

Редот пред локалот е секогаш долг, а муштериите некогаш чекаат и по половина час да дојдат на ред и да ги пробаат автентичните кроасани, но и да ги фотографираат за на Инстаграм.

Се прават во форма на коцка, тркало или класичен кроасан. А вкусовите не се опишуваат со зборови. И варираат - лимон, шумско овошје, нутела, орео, ф'стак...

Има дури и солени комбинации. За секого по нешто.

Ако сакате да пробате нешто конкретно, најдобро е да си порачате однапред и ќе ви ја чуваат нарачката.

Иако има огромна побарувачка за вкусните кроасани полни со мек фил, локалот има само 3-4 масички. Затоа не можете да резервирате маса за седење.

Но, оттука до кејот се стигнува за неколку минути пешки, па можете да ги јадете кроасаните седнати на шеталиштето покрај море. 

Вистинско уживање, дури и преку фотки.

senol-kroasani-02.jpg

Да посакате следниот пат кога ќе бидете со Солун, да ги пробате овие кроасани:

Продолжува на следната страница:



Би можело да ве интересира:

Локал украсен со лампиони и мечиња ја носи празничната бајка во центарот на Скопје На еден месец до новата 2025 година, Скопје го зафати празничната магија, а Brea...
Ресторан во Будимпешта кој ќе ве врати во минатото – раскошен ентериер за најубавите Инстаграм фотки Една од омилените атракции на туристите во Будимпешта е локалот New York Café ка...
Локал во Скопје со шмек на Амалфи: Лимони, весела атмосфера за уживање и топ Инстаграм фотки (видео) Breadway Taste Gallery во центарот на Скопје, локал кој неколкупати во годината ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg