Мила и Дарко од Скопје се преселија во Орешани: „Градот почна да нè гуши, тука го пронајдовме својот мир“

Целта ми е колку е можно повеќе да се осамостоиме, да не го оптоваруваме и да не зависиме од системот, моменталната состојба на економијата или последната вештачки форсирана криза во светот нè инспирираше да произведуваме своја храна (вода веќе имаме од нашиот бунар), да го усовршиме знаењето на тема конзервирање, ферментација, диви лековити билки, одгледување на печурки и други самоодржливи практики.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-23.jpg

Во план ни се и соларен систем, ветерница и ботаничка градина. Сакам тоа што сме го научиле од патувањата (обичаи, храна, рецепти, естетика) да го примениме тука и да креираме место што никој нема да сака да го напушти.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-22.jpg

Природата веќе си го прави своето со епските пејзажи, славејчињата, штрковите што ни прелетуваат над глава и пчелките што зујат во заднина.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-05.jpg

Идилата ја делиме со 3-те кучиња – Снупи, Морковче и Оревче, плус страчката Пилче. Снупи и Морковче се спасени од скопските улици, а Оревче е роден во Орешани.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-19.jpg

Пилче го најдовме лани паднато од гнездо и болно, па остана кај нас во специјално изграден кафез додека оздрави и зајакне, во надеж дека летово ќе може да се врати меѓу неговите.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-14.jpg

Така, тоа место што го сонувавме порано, непретенциозно, безбедно, релаксирано, со скромни, вредни, исполнети луѓе, го најдовме тука, случајно. И не го менуваме Орешани за ништо!“

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-03.jpg

Повеќе фотографии од Мила и Дарко во Орешани:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 локали во Куманово со пријатна атмосфера (за кафе, храна или опуштено дружење) Ако патот ве одведе накај Куманово и не знаете каде да испиете кафе или каде да ...
Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...
Goupil Le Fol – Кафуле во срцето на Брисел кое потсетува на музеј На неколкуте ката и тесните премини и скали ќе откриете ѕидови натрупани со книг...
6 нови кафулиња во Скопје, за сите вљубеници во кафето Некои од нив се штотуку отворени, други своето постоење го бројат во месеци, но ...
Новогодишна магија: Тура низ празнично украсени локали во Македонија Мексикански ресторан во Неготино организира божиќен базар, а во неколку локали н...
Ново кафуле во Старата скопска чаршија со розови прозорци и шарени пијалаци (фото) Ако сакате слатки работи, тогаш новото шарено кафуле во чаршија со уште пошарени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg