Магичен бар покрај море во Неос Мармарас во кој ќе се чувствувате како на Санторини (фото)
- Детали
- петок, 02 јуни 2023
Ако ја сакате магијата на Санторини, а немате можност да одите таму, во Неос Мармарас на вториот крак се наоѓа бар кој е уреден во ист стил како островот и ќе ве телепортира таму, додека уживате во вкусен коктел.
Во Неос Мармарас на Ситонија во Грција, покрај море се наоѓа кафе и коктел барот Molos, кој е уреден во духот на бело-сиво-сината архитектура на Санторини.
Белиот камен, сиво-сините пернички и другите додатоци, ќе направат за момент да се телепортирате на Санторини додека уживате во прекрасната атмосфера на вториот крак.
Неодамна барот го посети српската инфлуенсерка Јована Квржиќ, која го претстави магично, но предупредува дека се служат само пијалаци, па да не одите гладни.