На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (фото)

Во кујната имам многу простор, и дури сè уште неколку фиоки и елементи ми се празни внатре.

Ми се допаѓа многу што во кујната има прозорец од тераса и секогаш кога готвам го отворам за да се луфтира. Има 2 врати преку коишто може да се излезе на тераса, една е од кујната, а другата е од дневната.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-05.jpg

Сликите коишто се во станот, а сè уште треба да ставам, ми се од Танзанија, со појак колорит за да ја разбие монотонија со сивиот мебел.

Исто така, бидејќи многу ја сакам Африка како континент, и сликите ми будат убави спомени од времето кога живеев таму, речиси 3 години.

Се плашев дали ќе се вклопат со модерниот и минималистички стил, меѓутоа непотребно се плашев, бидејќи одлично се вклопија.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-10.jpg

Во гостинското веце имам и голем плакар, којшто го користам како шпајз, а во тоалетот имам големо огледало, туш-кабина со масажер, кој секојдневно го користам после одење на лента/вежбање.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-16.jpg

Терасата за летно време е идеална. Имам отворен поглед кон зеленило – дрвја и подалеку згради. Се надевам нема да се изгради зграда, веднаш до мојата, за да ми го скријат преубавиот поглед.

Ова лето планирам да ја средам терасата, да ставам тенда за ветерот, кој го има само понекогаш, и рачно и по мерка да се изработи плетен мебел каде што ќе може да се легне и седне и да биде удобно, бидејќи сега користам столици и подолго од 1 час веќе не е премногу згодно да се седи.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-03.jpg

Изработката на сите елементи е од медијапан и дрво“.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-15.jpg

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-09.jpg

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg