На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (фото)

Во библиотеката ги чувам сите прочитани книги и доста нови, на коишто  летово ќе им дојде редот да бидат прочитани.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-14.jpg

Речиси цел стан ми е осветлен со лед светло, бидејќи уживам во таа придушена атмосфера. Покрај тоа што имам и лустери во сите соби, највеќе го користам ледот во сите соби.

Кај телевизорот има елемент којшто, исто така е осветлен со лед светло, исто и во кујна.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-07.jpg

Меѓутоа, мој омилен дел од станот е мојата канцеларија (гостинската соба), каде што го поминувам поголемиот дел од денот, работејќи.

За оваа соба највеќе водам грижа искрено, бидејќи ја чувствувам како дел од мене. Сакам да ми биде убава атмосферата додека работам.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-20.jpg

Секој детаљ во оваа соба си има свое зошто. Светлината којашто ми влегува од прозорецот кој е веднаш до работната маса, ми дава секогаш убаво, пријатно и среќно чувство.

Работам на 3 монитори и над масата веднаш имам полици, коишто ми служат за складирање на работи кои се поврзани со мојата работа, и работната маса, бидејќи сакам да ми биде чиста, празна и уредна масата. Цвеќињата како декоративен елемент се секогаш одлични, и се вклопуваат во секој дизајн.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-18.jpg

Спалната соба која располага со навистина голема спална (кревет) е преудобна за спиење.

Светло сивиот елемент на ѕидот е детаљ којшто одамна го имав замислено. Наткасните од двете страни се секогаш корисни, како и врадените ламби кои се закачени на страничните елементи од спалната.

Телевизорот во спалната го користам само кога не сум многу уморен и кога утредента можам да спијам до кога сакам, кога немам обврски за да станам рано. Меѓутоа и многу често заспивам гледајќи добар филм или серија.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-17.jpg

Кујната е во нежна сина боја, и таму секогаш добивам инспирација за некои специјалитети, и искрено некогаш (најчесто) само на мене ми се допаѓаат.

Не сум нешто многу вешт во кујна, но за себе сум си одличен. Особено кога знам дека готвам само за себе, експериментирам многу.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-06.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg