Нема поубав зимски цвет, но не сака допирање – Божиќниот кактус цвета од ноември до јануари (фото)
Иако во името го носи зборот „кактус“, сепак негата на овој нежен, деликатен цвет не е типична како за кактусите. Тој не смее да се остави во просторија со многу сув воздух, ниту без вода.
Воедно, ова е цвет кој не сака многу допирање, па не играјте си со неговите зелени делови и цветовите. Ако во текот на цутењето ја преместите саксијата или само ја свртите, тој ќе престане со цутење.
Името „Божиќен кактус“ го добил поради тоа што цвета во периодот околу божиќните празници, од крајот на ноември па сè до крајот на месецот јануари.
Потекнува од Бразил, а во тропските шуми расте како паразит на крошните во дрвата, додека кај нас се одгледува како саксиско цвеќе.
Цветовите може да бидат во бела, розова, црвена, циклама или виолетова боја, а многу поредок е божиќниот кактус што цвета со жолти цветови.
Бидејќи коренот на ова украсно растени е слаб, не треба често да се пресадува.
Божиќниот кактус бара индиректна светлина, а температурата на воздухот мора да биде најмалку 15 степени.
Како изгледа најубавиот зимски цвет и покрај неговата каприциозност при одгледувањето?
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





