Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не ги фрлате пожолтените лисја, лошо наводнување: Зошто цвеќињата ви се сушат и ви овенуваат?

Не ги отстранувате мртвите лисја

Ако забележите дека некои ливчиња од растението имаат жолта или кафеава нијанса, тоа значи дека се сушат. Обично овие листови паѓаат сами, но уште подобро ако ги отстраните вие. На овој начин нема да им ја блокираат светлината на другите листови.

Ако забележите дека само еден дел од листот е сув, тогаш не мора да го отстранувате цел – пресечете го само исушениот дел.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-vashite-rastenija-se-sushta-i-veneat-05.jpg

Недостаток од влага на лисјата

Многу од „домашните“ растенија потекнуваат од тропски предели каде што влажноста на воздухот е голема. Во домот, особено кога е грејна сезона, воздухот може да стане многу сув, а ова има негативно влијание врз листот.

За да го решите овој проблем доволно е одвреме-навреме да ги прскате ливчињата со вода.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-vashite-rastenija-se-sushta-i-veneat-06.jpg

Мали саксии

Ако забележите дека вашето растение престанало да расте, можеби нема доволно простор во саксијата. Во тој случај ќе треба да го пресадите во поголема саксија.

Додека го прави ова, треба да земете предвид неколку нешта:

  • Осигурете се дека ќе набавите доволно голема саксија и доволно почва
  • Внимателно извадете го растението од саксијата – ако му била премногу мала, ќе забележите дека неговите корени се многу збиени. Ако можете отстранете дел од земјата од корените, за кога ќе го пресадите растението подобро да ги впива хранливите материи.
  • На крај ставете го растението во новата саксија и целосно покријте го коренот со почва. Навлажнете ја земјата и оставете го растението 2-3 дена на светло место. Потоа можете да го ставите каде сакате.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-vashite-rastenija-se-sushta-i-veneat-07.jpg

Штетници

Разните инсекти кои им штетат на растенијата можат да се појават и во домот. Ако забележите дека растението венее, добро проверете дали на неговите листови има некакви бубачки.

Во овој случај најдобро е да се консултирате со експерт, кој ќе утврди со што си имате работа и ќе ви каже како да го решите проблемот.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-vashite-rastenija-se-sushta-i-veneat-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Совети за одгледување абутилон – интересно собно растение со уникатни цветови Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева...
Завиткајте ги во весник и уште 4 трикови со кои лалињата подолго ќе бидат свежи во вазна Пред да ги ставите во вазна, завиткајте ги лалињата во весник и оставете ги така...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg