Не ги фрлате пожолтените лисја, лошо наводнување: Зошто цвеќињата ви се сушат и ви овенуваат?
Некои луѓе се родени градинари – без разлика какви и колку растенија одгледуваат, тие секогаш изгледаат неверојатно. Но за некои градинарството може да биде предизвик, особено ако почнале да одгледуваат растенија неодамна.
Најголемиот проблем со кој се соочуваат овие луѓе е навидум необјаснивото овенување и умирање на растенијата.
Ако и вие имате ваков проблем, погледнете што би можела да биде причината, но и како да го решите:
Премногу или премалку светлина
Сите знаеме дека на растенијата им е потребна светлина, но на некои им треба повеќе, а на некои помалку.
Ако вашите растенија венеат без причина, истражете за тоа колку светлина им е потребно. Некои од нив подобро ќе виреат на директна сончева светлина, а некои на помрачно место.
Премногу вода
Морате да знаете и колку често треба да ги наводнувате разните растенија што ги чувате. На некои видови им е потребно сосем малку вода, па ако им ставате повеќе можат да овенат.
Некои од „симптомите“ кои покажуваат дека му ставате премногу вода на растението се пожолтени ливчиња на долниот дел и зеленкаста почва во саксијата.
И во овој случај истражете за да дознаете колку често треба да го наводнувате секое растение. Исто така, пред да ставите вода, со прстите проверете дали почвата е влажна. Ако е, нема потреба да ги наводнувате.
Не им ја бришете прашината
Ако чувате растенија со поголеми листови, одвреме-навреме мора да ја бришете прашината од нив. Ако на листот има голем слој прашина, таа би можела да пречи во процесот фотосинтеза и со текот на времето растението ќе овене.
Наједноставно е да ги чистете растенијата со влажна крпа, а можете да ја ставите и целата саксија во кадата и да го исчистите растението со тушот, со слаб млаз.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





