Спас од „бучните“ партнери: Билка која го спречува 'рчењето и чисти воздухот во собата
Бромелија, попозната како (мал) ананас, претставува билка која може да го промени начинот на спиење и да им помогне на луѓето помалку да рчат, подобро да се одморат, како и поздраво да спијат.
Рчењето може да го загрози здравјето на тој што рчи, но и на партнерот, а како последица неретко се и нарушените односи.
Причините за рчење може да бидат настинка, отечена мукозна мембрана, зголемени крајници, септални девијации или потечен јазик, па и вишок на ткиво или рабови на мекото непце.
Долгорочното рчење, пак, може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па дури и мозочен и срцев удар.
Меѓутоа, научниците тврдат дека постои мошне едноставен начин да го запрете рчењето, а не е во прашање било каква направа или операција. Дури не ни чини многу.
NASA спроведе научно истражување, кое покажува дека присуството на една билка во спалната соба, значително го намалува рчењето и го поттикнува добриот сон.
Билката Бромелија (Bromelia), попозната како (мал) ананас, кислородот го произведува ноќе, а не за време на денот како повеќето билки, што го подобрува квалитетот на воздухот, а со него и спиењето, открива Veriplant World.
Бромелијата, исто така, го произведува ензимот бромелаин, кој го смирува рчењето кај луѓето.
Бромелијата најмногу се одгледува во Холандија и потребни се околу две години за првиот мал ананас да се појави на врвот од билката, пишува Daily Mail.
Но, треба да се внимава, бидејќи таа е исклучиво украсна билка и ананасот не се јаде – што може да се види и според големината (многу е мал) и бојата (потемен е од обичниот ананас).
Затоа, пак, изгледа како прекрасен декоративен елемент во домот, зар не?
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



