Орхидеите ги одбираат софистицираните дами, а розите авантуристите: Омилениот цвет го открива карактерот

Велат дека вашето омилено цвеќе има многу работи да каже за вашиот карактер, навики и општо за вас како личност.

orhideite-gi-odbiraat-sofisticiranite-dami-a-rozite-avanturistite-omileniot-svet-go-otkriva-karakterot-001.jpg

Розите ги одбираат авантуристите, орхидеите ги одбираат софистицираните дами, а сончогледите ги одбираат вечните оптимисти. Кое цвеќе ви е омилено?

Дали тоа се совпаѓа со вашиот карактер?


1. Рози

Вие сакате патувања и авантури. Ве воодушевуваат различните култури и нивните автентични карактеристики. Романтични сте и страствени. Ја цените традицијата некои луѓе понекогаш велат дека сте старомодни. Секогаш тежнеете кон совршенство.


2. Божури

Вие сте женствена личност која ја сака модата. Имате гардеробер пол со безвременски парчиња облека кои ја истакнуваат вашата сензуалност и софистицираност. Умеете да ги слушате другите и да дадете добар совет. Токму поради тоа другите имаат доверба во вас.

orhideite-gi-odbiraat-sofisticiranite-dami-a-rozite-avanturistite-omileniot-svet-go-otkriva-karakterot-1.jpg


3. Бела рада

Ја обожувате природата и сакате отворени простори. Оптимистични сте и за вас чашата е секогаш полна. Сакате да ги развеселувате луѓето околу вас и да ги насмеете. Вие најмногу ги цените пријателствата и искрени сте.


4. Каранфил

Секогаш цврсто стоите на земја и објективни сте. Токму поради тоа пријателите имаат доверба во вас и ве почитуваат. Најмногу ја сакате верноста и често сте резервирани кон новите луѓе. Задоволни сте од малите нешта во животот.


5. Лалиња

Чувствителни сте и внимателни. На прво место за вас се пријателите и роднините. Лесно можете да започнете разговор со нови и непознати луѓе и секогаш сакате промени на кои лесно се прилагодувате.

orhideite-gi-odbiraat-sofisticiranite-dami-a-rozite-avanturistite-omileniot-svet-go-otkriva-karakterot-2.jpg

6. Орхидеи

Вие сте олицетворение на елеганцијата и софистицираноста. Секогаш внимавате на својот изглед. Имате мал круг на блиски личности каде секогаш го споделувате тоа што го мислите и искрени сте.


7. Љубичици

Вие сте многу резервирана личност и вашата суштина ја познаваат само вашите најблиски пријатели. Ја сакате вашата приватност и имате суптилен пристап на работите во животот. Ја цените едноставноста во животот.


8. Крин

Вие сте чувствителна личност која е секогаш љубезна и достоинствена. Сакате да им помагате на другите луѓе и да се грижите за нив. Секогаш се гордеете на вашите достигнувања, а не се ретки.


9. Сончогледи

Вие сте секогаш насмеани, топли и во добро расположение. Внесувате живост во секоја просторија. Вие сте вечен оптимист кој ги полни другите околу себе со енергија. Лесно стекнувате нови пријатели.

orhideite-gi-odbiraat-sofisticiranite-dami-a-rozite-avanturistite-omileniot-svet-go-otkriva-karakterot-3.jpg

10. Нарцис

Вие сте уметничка душа која сака ред и работа и дисциплина. Живеете смирено, организирани сте и секогаш подготвени за напорна работа. Деновите сакате да ви се исполнети.


11. Ирис

Вие имате голема и бујна фантазија и креативни сте. Големо внимание посветувате на вашата духовност. Често сонувате и сте вистински оптимист. Не ја сакате рутината бидејќи брзо ви здосадува.

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење Секој цвет има своја симболика па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg