Мора да ја имате дома: Билка која привлекува пари и здравје
Во јапонската култура оваа билка има улога за привлекување на пари, а ова верување брзо се шири низ целиот свет преку луѓето кои веруваат во Фенг шуи препораките.
Фенг шуи филозофијата смета дека ќе имате многу пари доколку во домот чувате красула чии дебели листови потсетуваат на монети. Плус, експертите советуваат да ја чувате оваа билка веднаш покрај влезната врата.
Јапонското дрво на пари кај нас не е многу познато и популарно, но се верува дека привлекува богатство и позитивно влијае на работата. Затоа, поголемите компании решаваат да ја чуваат во канцелариите, а во некои азиски земји дури и се пренесува од колено на колено.
Самата билка е доста отпорна на инсекти и штетници, а може да се купи и одржува за малку пари.
Се одржува слично како кактусите, во земја со многу песок и не бара многу вода.
Красулата е билка која сака светло место, а доколку нема доволно светлина листовите ќе започнат да избледуваат. Но, никако не смее да дозволите да ја пече сонце директно низ прозор.
Неопходно е да ја залевате умерено, зимно време на секои 10 дена, да ја пресадувате на 2 години и да ја чувате од десната страна на влезната врата за да си го исполните животот со здравје и благосостојба.