Корисни совети: Подгответе ги градината и балконот за претстојната зима
Крајот на сезоната на отворено не подразбира само затворање на балконските врати. Иако ќе помине долго време до следното кафе во градината или на терасата, сепак добро е уште сега да средите некои работи, за да ви биде полесно на пролет.
Во студениот период билките чувствуваат промени, бидејќи доаѓа до продукција на одредени билни хормони, кои на некој начин ги подготвуваат растенијата за зимата.
Сѐ уште не е доцна да ги подготвите растенијата, но и целокупниот надворешен простор за претстојните студени денови, а во тоа ќе ви помогнат овие корисни совети:
1. Чистење на лисјата и миење на површината
Иако ова треба да се подразбира, некои луѓе често забораваат на време да ги отстранат паднатите лисја, а подоцна на пролет се соочуваат со проблем. Без разлика дали станува збор за балкон или градина, исчистете ги лисјата, а целата површина измијте ја со вода, со цел да ги отстраните маснотиите. На овој начин, со текот на времето нема да се создаваат валкани наслаги.
2. Билките во градината
За да ги заштитите билките во градината, можете да ги покриете со специјални прекривки или фолии, но внимавајте да не бидат премногу тешки. Во вашиот двор најдобро е секогаш да имате билки кои се отпорни на зимата и студеното време.
3. Тревата во градината
Кога зборуваме за тревникот, правилото е следно: искосете го, исчистете го убаво и нахранете го. Потоа чекајте ги потоплите денови кога повторно ќе уживате во зеленилото.
4. Зачувајте ги собните билки
Оние растенија кои не се отпорни на зимата, секако ќе морате да ги чувате на потопло место во вашиот дом. Во однос на нивното правилно чување, најдобро е да ги полевате со чај или со водата од варени јајца. Водата во која сте го вареле чајот е одлична храна, а водата од варените јајца е богата со минерали.
5. Потпора за раст и дневна светлина
Билките можете да ги сместите блиску до прозорците за барем малку да примаат од сончевите зраци. Освен тоа, на некои билки им е потребна потпора за правилен раст. Оваа потпора ќе ви подари прекрасен и убав изглед на вашите растенија.