Немате двор? Без грижа, овој зеленчук можете да го одгледувате во вашата кујна
Помеѓу бројните здравствени благодети, градинарството може да ви помогне да го намалите стресот и да го подобрите здравјето.
Но, животот во стан не ни овозможува да имаме сопствен двор каде можеме да одгледуваме разни зачини, овошки, зеленчуци за кои ќе сме сигурни дека се здрави за нас и нашите најблиски.
Затоа пак, можете да ги одгледувате овие билки погодни за чување на мала тераса или во кујна:
1. Алое вера
Потребни и се собни услови и температура до 21 степен, но и многу сончева светлина. Сака сува земја, па затоа треба да и ставате малку вода на 2 до 3 дена. Одлична е за гребаници или било какви иритации на кожата.
2. Мали домати
Минијатурната сорта од домати може да расте на мала површина. На овие домати им е потребно многу светлина и топлина, па најдобро е да ги ставите покрај прозор.
Умереноста е клучна кај овие плодови, па така земјата треба да биде влажна цело време, но мора да ја проверувате количината на водата. Овие домати се богати со витамините А, Ц, К и бетакаротен.
3. Босилек
Најдобро успева на светли и топли места. Саксијата треба да биде доволно голема со доволно земја во неа, која мора да биде влажна, но не премногу.
4. Спанаќ
Ова здраво растение исто така можете да го одгледувате во вашиот дом. Најдобро успева на место со умерена температура и светлина. На спанаќот му е потребен многу простор во пределот на коренот, па затоа најдобро е да одберете длабока саксија. Спанаќот е богат со протеини, витамините А и К, фолна киселина, но и со влакна.