Креативни фонтани за вашиот двор
Ако сакате малку да го разиграте дворот, да ја освежите терасата, а воено и да ја разладите, фонтаните се идеално решение. Но, често пати тие се премногу скапи за да бидат сечија реалност. Што ако ви предложиме неколку идеи како самите да направите креативна и функционална фонтана?
Познат ви е принципот на работа и циркулацијата на водата, па затоа само ви останува да го осмислите моделот.
Можете да искористите стари глинени садови, природни камења од најблиската река, садови за наводнување заврзани на конче и што ли уште не.
Ако само малку ја разбудите креативната страна во вас, многу лесно може да го постигнете овој ефект на градина од соништата.