10 работи кои се виновни за хаосот во вашата кујна (и време е да ги фрлите)
Стари кујнски апарати што ги немате вклучено со години, празни запалки, безброј тави и тенџериња – во кујната сигурно имате барем дел од овие непотребни предмети кои само ви зафаќаат место.
Со текот на времето, во кујната почнуваат да се трупаат секакви предмети, а факт е дека не ги користиме сите.
Што значи, овие предмети само непотребно ви зафаќаат место и ви прават неред.
Кои се предметите што сигурно нема да ги користите и е најдобро да ги фрлите?
Пластични кутии од сладолед
Сите имаме најмалку две пластични кутии од сладолед за кои се убедуваме дека некогаш ќе ни се најдат. Но, добро размислете дали воопшто некогаш сте употребиле ваква кутија.
А, дури и ако одвреме-навреме ги употребувате, препорачливо е да ги замените со стаклени – експертите сметаат дека пластичните кутии не се погоди за складирање храна.
Што значи, најдобро е да ги рециклирате пластичните кутии.
Безброј тави и тенџериња
Од десет тави во домот, сигурни сме дека користите само една-две. Останатите веројатно стојат во шкафчето бидејќи не сакате да ги фрлите.
Штом не сте употребиле некој сад за готвење повеќе од една година или штом е изгребан, загорен и слично, најдобро ослободете се од него.
Храна која не помните кога сте ја ставиле во замрзнувачот
Замрзнувањето е одличен начин да си обезбедите готов оброк за во иднина, но не можете да ја чувате храната цела вечност дури ни во замрзнувач.
Затоа, фрлете сè што стои внатре подолго од шест месеци бидејќи по овој период вкусот сигурно ќе биде променет.
Празни запалки
Дури и да не сте пушач, веројатно имате запалка во домот за вашето плинско, а сигурни сме дека имате и десетина празни.
Празните запалки само ви зафаќаат место, па најдобро фрлете ги.
А, ако често ги користите, тогаш вреди да вложите во запалка која можете да ја полните. Иако овие запалки можат да бидат поскапи, на крај инвестицијата ќе се исплати бидејќи потоа ќе давате пари само за плин.
Запишани рецепти
Секоја баба си има тефтер со рецепти кој неретко и го користи.
Но, во ерата на компјутери и смартфони, многу е полесно да пребарате некој рецепт на интернет или да го зачувате во „букмаркс“ отколку да го запишувате.