10 едноставни совети со кои ќе ги намалите трошоците за сметки во домот
Намалете ја светлината на телевизорот
Ако гледате телевизија навечер, нема да забележите голема разлика ако ја намалите светлината на екранот. А, со ова ќе ја намалите потрошувачката од него.
Навреме чистете ја правосмукалката
Не дозволувајте правосмукалката да се преполни и целосно да се затнат филтрите пред да ја исчистите.
Кога вреќата е преполна и филтрите затнати, правосмукалката работи понапорно и ѝ треба повеќе енергија.
Внимавајте што фрлате во тоалетната школка
За да ги избегнете трошоците за водоводџии, не фрлајте ништо во тоалетната школка освен тоалетна хартија.
Во неа никако немојте да фрлате храна, стапчиња за чистење уши, памук, влакна или што било освен тоалетна хартија.
Немојте да фрлате ниту влажни марамчиња бидејќи не се разградуваат.
Дајте ѝ предност на природната светлина
Ако вашиот дом има доволно природна светлина, во текот на денот воопшто нема да ви требаат светилки.
Па, тргнете ги завесите, а ако некогаш реновирате, размислете да проширите некој прозорец.
Немојте постојано да ја отворате рерната кога готвите нешто
Секојпат кога ја отворате рерната, топлиот воздух излегува, па таа треба повторно да се загрее.
Ова, се разбира, значи и поголема потрошувачка.
Спирова С. | Црнобело