7 работи во домот кои се одлични за декорација, но можат да бидат опасни
Погрешно: Уметнички дела и огледала над креветот. Не е безбедно додека спиете нешто закачено на конец и шајка да виси над вас, особено не во случај на земјотрес.
Не е безбедно додека спиете нешто закачено на конец и шајка да виси над вас, особено не во случај на земјотрес.
Некои работи во уредување на ентериерот може да изгледаат одлично, но да се опасни за вашето здравје и безбедноста или за здравјето и безбедноста на членовите од вашето семејство.
Работи во домот кои се одлични за декорација, но можат да бидат опасни:
Отворени полици
Изгледаат добро, ако работите на нив се средени и имате интересни теглички, но се многу понестабилни од целосните елементи со затворени шкафчиња и ако ги претoвaрите може да дојде до незгода.
Свеќи (ако имате деца и миленици во близина)
Запалените свеќи даваат навистина романтична атмосфера, но ако имате деца и миленици во близина можно е случајно туркање на свеќата и предизвикување на пожар во домот.
Сијалички
Сијаличките се одличен начин за китење на домот и светлината од нив дава навистина пријатна атмосфера, но мора да внимавате на квалитетот на сијаличките и да не ги оставате вклучени по цела ноќ за да не дојде до некаков спој и инцидент.
Уметнички дела и огледала над креветот
Не е безбедно додека спиете под нешто закачено на конец или шајка да виси над вас, особено не во случај на земјотрес.
Одреден тип на растенија (особено ако имате миленици)
Некои растенија можно е да бидат отровни за вашите миленици. Пред купување, добро информирајте се.
Врати со стаклени делови
Тие можеби изгледаат декоративно, но при силен удар има шанса стаклото да се распрсне и да дојде до повреди од разлетаните остри делови. Се разбира, стаклото на овие врати е навистина цврсто и ова е навистина ретка појава.
Мали килимчиња кои се лизгаат
Ако килимчето е мало и мазно оддолу, без некаков тип на гумирана подлога, може при забрзано одење да стапнете на него и да се лизнете.
С. С. | Црнобело