Даска за сечење и уште 10 предмети во домот кои треба почесто да ги заменувате со нови
Гребаниците се неизбежни на даската за сечење, а во нив лесно можат да се акумулираат храна и бактерии. Па, штом ќе забележите дека даската е видно изгребана и има дамки кои не се отстрануваат, заменете ја со нова.
Кога купуваме нешто за во домот, сакаме да ни користи барем неколку години. Некогаш, пак, штом ќе купиме нешто еднаш, не ни помислуваме дека треба да го замениме.
Неретко ни се чини дека некои предмети во домот имаат вечен рок на траење, но ова сепак не е точно.
Со цел да се одржи хигиената во домот и да се избегнат некои здравствени проблеми, предметите како тава за пржење или корпа за отпадоци треба да ги менуваме барем на 2-3 години.
Кои предмети немаат неограничен рок на траење?
Килимче во бања
Влагата во бањата создава совршена околина за развивање бактерии. Од ова е јасно дека важно е редовно да ги чистите килимчиња во бањата.
Но, треба и да ги заменувате често, односно на најмногу две години.
Туш-глава
Препорачливо е да ја менувате туш-главата барем еднаш годишно, особено ако водата има многу бигор.
Во туш-главата лесно се акумулира не само бигорот, туку и бактерии и ’рѓа.
Ако не сакате да ја менувате толку често, осигурете се дека редовно ќе ја чистите темелно.
Даска за сечење
Со текот на времето, на даските за сечење се создаваат гребаници кои може да биде тешко да ги исчистите темелно. Што значи, во нив ќе се наталожат остатоци од храна и бактерии, кои потоа можат да завршат на свежата храна што ја сечете.
Купете нова даска штом ќе забележите дека онаа што ја имате е многу изгребана или има дамки кои не се отстрануваат.
Тава за пржење
Во зависност од квалитетот на тавата, нејзиниот рок на траење може да биде од една до пет години. Ако ја користите многу ретко, се разбира, може да ви трае многу повеќе.
Ако тавата е видно изгребана, има дамки што не се отстрануваат и храната се лепи на неа, најдобро заменете ја со нова.
Пластични садови за храна
Иако пластиката е издржлив материјал, не е препорачливо да складирате храна во многу стари пластични садови.
Овие садови можат да траат неколку години и добро би било да ги замените ако забележите дека им се променила бојата или имаат миризба која не се отстранува.