Даска за сечење и уште 10 предмети во домот кои треба почесто да ги заменувате со нови

Теписи

Ако редовно го чистите тепихот, тој може да ви трае и 15 години.

Но ако немате навика да го чистите често, со текот на времето прашината и нечистотиите ќе се акумулираат, па ќе биде практично невозможно да ги отстраните целосно. А, оваа прашина може да би предизвика проблеми како алергии и кашлање.

daska-za-sechenje-i-ushte-10-predmeti-vo-domot-koi-treba-pochesto-da-gi-zamenuvate-so-novi-07.jpg

Кујнски крпи

Кујнските крпи треба да ги менувате со чисти секој ден бидејќи поради влагата тие се совршено место за размножување бактерии.

Кога крпата ќе биде видно истрошена или скината, тогаш заменете ја со потполно нова.

daska-za-sechenje-i-ushte-10-predmeti-vo-domot-koi-treba-pochesto-da-gi-zamenuvate-so-novi-08.jpg

Чаршафи

Потрудете се да ја менувате постелнината со чиста еднаш неделно за да ги избегнете проблемите со кожата.

Кога станува збор за купување нова постелнина, добро би било да се подновите на секои 2-3 години.

daska-za-sechenje-i-ushte-10-predmeti-vo-domot-koi-treba-pochesto-da-gi-zamenuvate-so-novi-09.jpg

Садови за миленици

Во овој случај најдобро е да купите малку поскап метален или керамички сад, наместо пластичен.

Пластичните садови ќе мора да ги менувате често, дури и ако ги миете по неколкупати дневно. 

Керамичките и металните, од друга страна, можат да ви траат со години.

daska-za-sechenje-i-ushte-10-predmeti-vo-domot-koi-treba-pochesto-da-gi-zamenuvate-so-novi-10.jpg

Сад за контактни леќи

Бидејќи ги ставате леќите во вашите очи, морате да бидете сигурни дека ги чувате на безбедно место.

Препорачливо е да го заменувате овој сад на секои три месеци.

daska-za-sechenje-i-ushte-10-predmeti-vo-domot-koi-treba-pochesto-da-gi-zamenuvate-so-novi-11.jpg

Корпа за отпадоци

Често се случува во корпата да претече нешто од ќесата со ѓубре. Ако имате пластична корпа, дури и да ја чистите редовно, дел од отпадот сепак ќе се апсорбира на неа.

Ако забележите дамки што не се отстрануваат или непријатен мирис и по чистењето на корпата, купете нова.

Од друга страна, металните корпи можат да ви траат подолго. 

daska-za-sechenje-i-ushte-10-predmeti-vo-domot-koi-treba-pochesto-da-gi-zamenuvate-so-novi-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg