Како нередот во домот му штети на вашето ментално здравје?
Нередот на бирото влијае врз продуктивноста
За да го извлечете најдоброто од себе кога работите, околината мора да ви биде средена. На овој начин ќе знаете каде ви се наоѓаат сите непотребни предмети и нема да си создавате непотребен стрес барајќи нешто што итно ви треба.
Среденото биро, особено и ако додадете некој личен украс како фотографија или растение, ќе ви го подобри расположението, а со тоа ќе ви ја зголеми и продуктивноста.
Совет: Ако јадете на бирото, веднаш собирајте ги чиниите откако ќе завршите. Предметите што ги користите секогаш враќајте ги на нивното место. Ако можете, поставете го бирото на место со добар поглед, а добро би било да ставите и некој украс, како фотографија од сакана личност.
На децата им е потребен посебен, тивок простор за учење за да постигнат добри резултати
Не секој може да одвои соба од домот во која детето ќе учи, но осигурете се дека има барем едно катче што ќе биде само за тоа.
Доволно е само едно биро кое секогаш ќе биде средено и ќе ги има сите работи што му се потребни на детето за учење и пишување домашни.
Слично како со вашето работно биро, на овој начин продуктивноста на детето ќе се зголеми и ќе може целосно да се фокусира на учењето.
Исто така, важно е и детето да учи во тивка просторија, без звуци или што било што ќе му го одвлекува вниманието.
Совет: Ако не можете да одвоите тивка просторија само за детето, разговарајте за домашниот распоред. Ако, на пример, детето треба да учи од 18 до 20 часот, тој период договорете се да бидете тивки или излезете некаде за да му го овозможите потребниот мир.
Наместениот кревет дава мотивација
Пробајте да си го наместите креветот наутро и самите ќе забележите дека ќе се чувствувате многу попродуктивно.
Ова е многу едноставната задача, не одзема повеќе од неколку минути, но веднаш ќе ви го подобри расположението и ќе ви го даде потребниот поттик за да го почнете денот.
Совет: За да се чувствувате уште подобро, купете си убава постелнина која ќе ја освежи спалната соба и дополнително ќе ви го подобри расположението.
Средениот дом ја зголемува самодовербата и ја поттикнува грижата за себе
Размислете колку добро се чувствувате откако ќе го средите домот, особено ако подолг период сте го одложувале чистењето.
Кога домот е среден, поголема е веројатноста да зготвите нешто, да си направите релаксирачка купка и, генерално, да водите подобра грижа за себе.
Совет: Уште подобро ако купите и мирисливи свеќи или етерични масла со кои ќе направите домот да мириса прекрасно.
Спирова С. | Црнобело