Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаштија

Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не се препорачува во спалната соба да имате телевизор или компјутер? Каква енергија ви зрачи нередот во секој дел од домот според Фенг шуи?

kakva-energija-vi-zrachi-neredot-vo-sekoj-del-od-domot-neuredniot-hodnik-nosi-raspravii-i-siromashtija-01.jpg

На сите им е јасно дека домот мора да биде чист и уреден за да се спречи појавата на алергии и болести.

Во последните неколку години наназад, сѐ поголем замав зема уредувањето на домот според Фенг шуи, што треба да обезбеди непречен проток на енергија, среќа, успех и здравје на луѓето кои живеат во домот, а според експертите во оваа област, се верува дека хаосот и нередот во секој дел од домот ви носат проблеми во сите сегменти од животот.

Каква „енергија“ ви носи нередот во секој дел од домот и што треба да направите за работите да се подобрат?

Неред во ходникот

Се смета дека ова е главната раскрсница во домот. Старите јакни, облека, чадори и чевли може да предизвикаат неред во оваа просторија.

Според Фенг шуи експертите, луѓето кои имаат неред во ходникот постојано ќе се расправаат и секогаш ќе имаат недостаток од пари.

Најдобро е да ги фрлите старите предмети и да си го отворите патот за успех и просперитет во домот.

kakva-energija-vi-zrachi-neredot-vo-sekoj-del-od-domot-neuredniot-hodnik-nosi-raspravii-i-siromashtija-02.jpg

Неред во тоалетот

Имајте предвид дека најчесто тоалетот е првата просторија во којашто влегувате откако ќе се разбудите.

Растурената козметика насекаде, валканите четки за коса и крпите на подот само ќе го креираат негативното расположение со кое најверојатно ќе го продолжите денот.

Исто така, според Фенг шуи експертите, нередот во тоалетот може да значи и дека имате голем број тајни што ќе мора постојано да ги криете од блиските, но и од надворешниот свет.

kakva-energija-vi-zrachi-neredot-vo-sekoj-del-od-domot-neuredniot-hodnik-nosi-raspravii-i-siromashtija-03.jpg

Неред во кујната

Кујната е срцето на домот – местото каде што сите се собираат за оброк, а храната во голема мера зависи и од расположението на тој што ја приготвува.

Освен што се опасни заради тоа што може да шират заразни бактерии, нечистите садови, според Фенг шуи експертите, може да предизвикаат проблеми и на други полиња во животот.

Ако постојано имате нечисти садови во кујната, може да се случи никогаш да не можете да се ослободите од вишокот килограми, а можно е често да се соочувате и со емотивни и финансиски проблеми.

Запомнете, храната мора да биде подготвена во чиста просторија, каде што се чувствувате удобно, па само тогаш сите во домот ќе се чувствуваат добро.

kakva-energija-vi-zrachi-neredot-vo-sekoj-del-od-domot-neuredniot-hodnik-nosi-raspravii-i-siromashtija-04.jpg

Неред во дневната соба

Дневната соба во домот е олицетворение на комуникацијата, затоа што сите луѓе што доаѓаат преку неа имаат можност да го видат вашиот живот.

Нередот во дневната соба може да предизвика расправии и недоразбирања помеѓу вас и роднините, но и со пријателите. Таквите расправии водат до осаменост, отуѓување и депресија.

Потрудете се во дневната соба да внесете колку што можете повеќе светлина и секогаш водете сметка да го расчистите нередот.

kakva-energija-vi-zrachi-neredot-vo-sekoj-del-od-domot-neuredniot-hodnik-nosi-raspravii-i-siromashtija-07.jpg

Неред во спалната соба

Спалната соба е најинтимниот дел во вашиот дом, место каде што ја градите личната среќа.

Нередот во неа може да предизвика несоница, расправии со партнерот, како и проблеми во интимниот живот.

Затоа, од спалната соба треба да извадите сѐ што не е директно поврзано со спиењето и интимноста. Запомнете, во спалната соба не треба да имате телевизор, компјутер и слично.

kakva-energija-vi-zrachi-neredot-vo-sekoj-del-od-domot-neuredniot-hodnik-nosi-raspravii-i-siromashtija-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

8 работи поради кои спалната соба ви е секогаш хаотична Хаосот од расфрланите продукти за убавина и несредениот накит во спалната секако...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg