Што се сребрени рипчиња и како ефикасно да се ослободите од овие инсекти во домот?
Сребрените рипчиња се непријатни, но чести жители на нашите домови. Тие не се ниту опасни, ни заразни, но нивното присуство во домот укажува на проблеми со влагата, хигиената и проветрувањето на просторот. Дали и вие имате дома вакви инстекти?
Сребрените рипчиња (Lepisma saccharina) се ноќни инсекти со издолжено, сплескано тело (околу 1cm) и карактеристична сребрена боја која потсетува на сјаен метал.
Се појавуваат во теминина, па најчесто можете да ги видите како брзо бегаат по подот кога ќе го вклучите светлото во бањата, кујната или плакарите со храна.
Не се опасни ни заразни, не гризат и не пренесуваат болести, но можат да ја оштетат хартијата, ткаенините и слични предмети, бидејќи се хранат со скроб и целулоза.
Тие сакаат влажни и темни простори, па ако ги видите во својот дом, тоа значи дека имате проблеми со влага, слаба вентилација или стари книги кои ретко се користат.
Се размножуваат лесно и брзо, бидејќи не им треба многу за да преживеат - малку влага и органски материјали.
Први чекори за нивно отстранување од домот
Еден од најефикасните начини да се ослободите од сребрените рипки е да ја контролирате влажноста во домот.
Влажните ѕидови, слабо проветрените простории и брзата кондензацијата се како создадени за овие инсекти.
Ако забележите дека ги има во бањата, околу кадата, тоалетот или мијалникот - време е да преземете нешто.
Можете да купите одвлажнувач кој ќе го суши воздухот и ќе ја апсорбира влагата, па така директно ќе ги „влоши“ условите во кои преживуваат овие инсекти.
Редовното проветрување, особено по туширање или готвење е задолжително.
Ако имате поголем килим во бањата - отстранете го, некое време не ставајте ништо врз плочките, па тие ќе „дишат“ и нема да создаваат влага.
Ако живеете во постар стан со слаба изолација, размислете за подобрување на изолацијата на ѕидовите и подот.
Проверете ги и цевките и водоводот, бидејќи дури и најмалото истекување може да создаде идеална средина за овие штетници да продолжат да се размножуваат.
И запомнете - кога ќе ја намалите влажноста, освен што ќе ја елиминирате сребрената рипка од домот, туку ќе ја намалите и можноста за појава на мувла во домот.
Важно е и одржувањето на хигиената - остатоците од храна, стара хартија, картон и прашина се идеални за овој инсект.
Па ако редовно не го чистите домот, постои голема шанса сребрената рипка да остане таму и да се размножува.
Кога чистите, редовно фрлајте ги непотребните весници, книги, картони и кутии што собираат прашина и влага.
Сребрените рипки често се кријат во теписите, па препорачливо е на неколку недели да ги исчистите со средства за чистење на пареа или, ако е можно, да ги тргнете од влажните места додека да не го решите проблемот со влагата.
Не ги заборавајте ни кујната и плакарите во кои чувате сува храна и редовно бришете ги полиците, проверувајте ја задната страна на кујнските кабинети и не оставајте остатоци од храна преку ноќ.
Начини за да се ослободите од сребрените рипки
Ако не сакате да користите хемикалии, постојат неколку методи кои ќе го одбијат овој инсект од домот на безбеден и еколошки начин.
Еден од најефикасните природни „лекови“ е ловоровиот лист, чиј силен мирис ги одбива инсектите - ставете по неколку ливчиња во аглите на бањата, кујната или плакарот.
Следен на листата е циметот - иако има пријатен мирис, сепак, тој одбива многу инсекти, вклучувајќи ја и сребрената рипка. Можете да го посипете на површините каде што се појавуваат овие штетници.
Етеричните масла од лаванда, лимон, еукалиптус и чајно дрво се исто така познати природни инсектициди. Неколку капки од овој екстракт во шише со прскалка со вода може да послужи како освежувач на просторот, но и заштита од инсекти.
Доколку не можете сами да се ослободите од сребрените рипки, побарајте помош од експерти.
Професионалната дезинсекција ќе ја направат со специјализирани хемиски препарати, кои се најчесто безопасни за луѓето и домашните миленици, но смртоносни за инсектите.
Експертите ќе знаат каде да постават мамки, како да ги затворат влезните точки за овие инсекти и што треба за трајно да го решите проблемот.
А. Ј. | Црнобелo / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





