8 грешки што (сите) ги правиме кога го чистиме домот

Ставате премногу детергент, користите памучни наместо микрофибер крпи - кои се најчестите грешки што ги прават кога го чистат домот (и како да ги избегнете)? 

7-greshki-shto-site-gi-pravime-koga-go-chistime-domot-01.jpg

Чистењето не е тешка задача, но си бара одредени „услови“ за да биде правилно.

Но, за да ви биде полесно (дури и да уживате додека чистите), пробајте да ги избегнете најчестите грешки што се прават додека се чисти.

Ова се неколку трикови кои може да ги примените за да ги избегнете грешките - верувајте, по ова, чистењето ќе ви биде полесно.

Кои се грешките што (сите) ги правиме кога го чистиме домот?

Не му давате можност да средството за чистење да делува

Повеќето луѓе ќе испрскаат средство за чистење на некоја површина и веднаш пребришуваат, но ова е погрешно.

Оставете го барем половина минута на површината за да почне да делува на прашината или маснотијата, на дамките и потоа полесно ќе ги исчистите.

7-greshki-shto-site-gi-pravime-koga-go-chistime-domot-06_copy.jpg

Чистите сè со таканаречени волшебни сунѓери

Сунѓерите од меламин им се омилени на многумина бидејќи само треба да ги навлажните со вода и тие ефикасно ќе исчистат сè - многумина ги нарекуваат „волшебни сунѓери“.

Професионалците, сепак предупредуваат дека не се соодветни за сите површини и дека овие сунѓери ги уништуваат површините покриени со мат или сјајна боја, не се соодветни за чистење тефлон или челик, бидејќи го уништуваат површинскиот слој.

Затоа, пред да почнете да триете, тестирајте на некој мал дел дали сунѓерот од меланин ќе ја исчисти површината или ќе ја изгребе.

7-greshki-shto-site-gi-pravime-koga-go-chistime-domot-07.jpg

Бришење прозорци кога е сончево

Кога ќе решите да ги бришете прозорците, избегнувајте да го правите тоа на сончево и многу топло време.

Под влијание на сонцето и топлината, средствата се сушат многу брзо, па наместо лесно да ги избришете прозорците, ќе ви останат дамки од средството кои ќе се помачите да ги исчистите.

7-greshki-shto-site-gi-pravime-koga-go-chistime-domot-05.jpg

Користите памучни крпи наместо микрофибер

Памучните крпи имаат подолги влакненца од крпите со микрофибер, па оставаат влакненца и дамки дури и на исчистените површини.

А ако веднаш не ги исперете, почнуваат да мирисаат непријатно.

Микрофиберот е секогаш подобра опција, зашто чисти полесно, не остава влакна и не се замирисува како памучните крпи. 

7-greshki-shto-site-gi-pravime-koga-go-chistime-domot-02_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 грешки при купување на мебел (кои можеби и вие ги правите) Грешка 4: Купувате импулсивно - Запомнете дека вреди да почекате подолго за вист...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Што се сребрени рипчиња и како ефикасно да се ослободите од овие инсекти во домот? Сребрените рипчиња се непријатни, но чести жители на нашите домови. Тие не се ни...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg