Предмети на кои треба да обрнете повеќе внимание кога ги чистите
Постојат луѓе кои имаат екстремно чисти домови, а нивните тајни се повеќе од едноставни.
Важно е да обрнете повеќе внимание и почесто да ги чистите овие предмети во домот, за секогаш „да свети.“
1. Филтерот на клима уредот треба да се чисти на 1 до 2 месеца, посебно во периоди кога климата е активна секојдневно.
2. Садот во кој се цедат тенџерињата и чиниите мора да се чисти еднаш во неделата, како не би собрал мувла.
3. Филтрите во машината за миење садови би требало да се чисти редовно, односно еднаш месечно, како би спречиле затнување.
4. Внатрешноста од казанчето треба да се чисти 2 пати во годината, со тоа што ќе додадете малку бел оцет и ќе оставите да отстои 12 часа. На овој начин спречувате формирање на бигор и овозможувате добро функционирање на механизмот.
-->
-->
5. Микро печката би требало да ја чистите барем еднаш неделно, ако ја користите секојдневно, но без тешки хемикалии.
-->
6. Вентилацијата во тоалетот треба да се чисти на 6 месеци, како би функционирала подобро.
7. Страничниот дел од рерната, иако не се гледа, треба да се чисти минимум еднаш во годината.
8. Филтрите на аспираторот, бидејќи не се чистат, треба да се менуваат на секои 6 месеци.
9. Одводите каде се собира храна мора да се чистат на 2 месеци и тоа темелно. Со соодветни средства.
10. Мрежичките на чешмите собираат повеќе нечистотија од што може да замислите и затоа треба да се чистат на 6 месеци.
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето
Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...

10 грешки при купување на мебел (кои можеби и вие ги правите)
Грешка 4: Купувате импулсивно - Запомнете дека вреди да почекате подолго за вист...

Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат)
Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...

8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома
Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...

Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот?
Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...

Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често
За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
-->