„Пробав трик од ТикТок со омекнувач за облека – машината за сушење ми се запали“

Следејќи ги инструкциите од ТикТок видео, жената накиснала сунѓери со омекнувач и ги ставила во машината за сушење со цел да го намали електрицитетот на облеката и да ги отстрани непријатни мириси. Но, бидејќи некои омекнувачи се запаливи, машината се запалила, а домот на жената бил спасен само затоа што таа се разбудила порано.

vnimatelno-so-trikovite-od-tiktok-zhena-si-ja-zapalila-sushalnata-otkako-vnatre-stavila-omeknuvach-za-alishta-video-01.jpg

Хејли Кларк води ТикТок профил каде што покрај другите објави, редовно споделува и трикови и совети за домаќинство. Но, нејзиното последно видео е предупредување за домаќинските трикови кои брзо се прославуваат на ТикТок.

Во видеото, Хејли открива дека на ТикТок видела трик кој наводно го намалува електрицитетот кај облеката во машината за сушење облека и ги отстранува непријатните мириси.

Следејќи ги инструкциите, Хејли исекла сунѓер за миење садови и го накиснала во омекнувач за облека.

Потоа ги ставила накиснатите парчиња во машината, ја вклучила на кратко и ја изгасила, а кога се разбудила следното утро во домот имало многу чад и целата облека во машината била изгорена.

Хејли вели дека таа и семејството се среќни што се воопшто живи.

Во коментарите таа објаснува дека ја пуштила машината, а пред да си легне ја исклучила, па претпоставува дека огнот полека си горел во текот на ноќта и било вистинска среќа што се разбудила порано за да го сопре навреме.

@haileeclarke87

Please share! We where so lucky! ##soreadawareness ##housefire ##cleanwithhailee ##fyp

♬ original sound - Hailee??✨

Наводно, трикот што го пробала Хејли е од пред неколку години и бил споделуван на разни блогови.

Таа вели дека е голем фан на домаќинските трикови, но дека сега ќе биде повнимателна кога пробува нешто, особено ако се работи за уреди кои работат на струја и кои можат да се запалат.

„Знам дека ова е моја вина, па не ми требаат негативни коментари! Го споделувам ова само за да ја подигнам свеста“, пишува на видеото.

Во коментарите корисниците ѝ се заблагодаруваат што го споделила предупредувањето и истакнуваат дека и самите ќе бидат повнимателни.

Некои, пак, кажуваат дека проблемот бил омекнувачот – во некои брендови има состојки кои се запаливи.

Што значи, омекнувачот е потполно безбеден за во машина за перење или за перење на рака, но ако го ставите во машина за сушење како Хејли, високата температура може да го запали.

Други ги критикуваат луѓето кои си измислуваат трикови и ги споделуваат на ТикТок само за гледаност, притоа не мислејќи на тоа дека можат да повредат некого.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg