Пешкири и уште 3 типа ткаенини што ќе ги уништите ако ги перете со омекнувач
Кога сакаме алиштата да мирисаат убаво и долготрајно при перењето, покрај прашокот, во машината за перење додаваме и омекнувач. Сепак, постојат некои материјали што тој може да ги уништи. За кои ткаенини станува збор?
Ткаенини од микрофибер
Благодарение на силните испреплетени нишки, ткаенините од микрофибер се исклучително издржливи и имаат одлични впивачки својства.
Ако ги третирате со омекнувач, полека ќе ја уништите нивната ефикасност и ќе го скратите рокот на траење на влакната.
Спортска облека
Повеќето спортски облеки се технолошки приспособени на силно потење, т.е. апсорбирање пот од кожата коишто истовремено ве ладат за време на физичка активност.
Омекнувачот остава слој на нив кој ги спречува да ги апсорбираат телесните течности.
Облека изработена од незапалив материјал
Работничките униформи често пати се направени од специјални материјали кои се отпорни на оган.
Не третирајте ги со омекнувач бидејќи негативно влијае на нивната отпорност на високи температури и може да ги направи запаливи.
Крпи
Сите ги сакаме меките и мирисливи крпи, но омекнувачот ги спречува во нивната главна функција – апсорпција на течности.
Како и во случајот со спортската облека, омекнувачот остава тенок слој восок на крпите, поради што тие повеќе не апсорбираат вода како што треба.
(О)Милена | Црнобело