9 трикови за купување саксиски цвеќиња и растенија – како да одберете нешто што ќе трае?
Растенијата се одлични сојузници кога станува збор за украсување на просториите во домот. Тие му даваат светлина, живот и кислород. Но, нивното купување од специјализирани места, продавници или пазари може да биде голем предизвик. Разновидноста е огромна и можеби имате многу прашања на оваа тема.
Кои видови на растенија можат да успеат во домашни услови и во саксија? Дали е подобро да купите цвеќе или сукулент? Како да знаете дали купувате здраво растение?
Доколку ги имате овие недоумици, прочитајте ги следните трикови кои сигурно ќе ви го олеснат купувањето на украсни растенија:
Внимателно разгледајте го местото од каде што купувате
Првиот трик за да бидете сигурни дека купувате квалитетни растенија е да го разгледате целиот расадник. Обрнете внимание како изгледаат различните примероци на растенија и колку се негувани.
Ако видите дека има премногу кафеави, суви или овенати растенија, подобро е да отидете на друго место каде што тие се третираат правилно.
Проверете ли листовите
Кога ќе ги пронајдете видовите на растенија што ви се допаѓаат, внимателно проверете ги лисјата напред и одзади. Тие треба да имаат изразена зелена боја и да бидат сјајни.
Не е препорачливо да се купуваат растенија чие зеленило „влече“ кон жолто или пак има бледа боја, бидејќи голема е веројатноста никогаш да не закрепнат.
Проверете го растението дали има инсекти
Кога ќе видите одредено растение во расадникот, на прв поглед можеби ќе ви се чини дека е совршено. Сепак, некои мали инсекти можат да се скријат во него и да бидат невидливи за вашите очи.
Затоа, пред да го купите, препорачливо е нежно да го протресете или да ја поминете раката преку неговите лисја. Ако видите инсекти кои излегуваат на површината, подобро заборавете на тој примерок.
Од друга страна, ако е чисто, можете да го купите без никаков проблем.
Големото не секогаш значи дека е подобро
Најголемите растенија во расадникот обично се оние што најмногу го привлекуваат нашето внимание. Тие изгледаат подобро, поубаво, позелено, раскошно и бујно.
Сепак, ваквите растенија се најчесто и многу поскапи. Затоа е подобро да изберете младо, но здраво растение, со цел да го трансформирате во поголемо, уште посилно и поубаво со помош на вашиот труд.