Совети како конечно да си ја средите облеката во гардероберот
Ако и вашиот гардеробер магично се растура после 4-5 преоблекувања, тогаш имате погрешен принцип на средување и чување на работите во него.
Мари Кондо e една навистина организирана жена која има неколку трикови и совети со чија помош нема да ја барате облеката со часови и секогаш ќе бидете спремни на време.
1 правило: Организерите се некорисни
Сосема е доволно да почнете да ја диплите облеката во ролни, наместо како досега. Генерално, организерите само ви зафаќаат простор, без да ви помогнат во распоредот.
2 правило: Фрлете ги работите кои не ви носат среќа
Кога го чистите гардероберот, не ја гледајте само големината на облеката или оштетеноста. Анализирајте дали тоа што го оставате во него ве прави среќни.
3 правило: Погрешно ги диплите работите
Според Мари Кондо, најдобро е вертикално да ги диплите работите.
4 правило: Не ја категоризирајте облеката
Понекогаш, облеката ја сортираме по категорија – дневна, ноќна, бизнис, секојдневна, за излегување, за на работа, за по дома... и тоа е погрешен пристап, бидејќи создавате визуелен хаос.
Правилен начин за организација е по боја и нијанса. На пример, од едната страна секогаш нека стојат лесните, летни фустанчиња со принтови, додека на другата страна ќе стојат дебелите палта и џемпери. На тој начин точно знаете која сезона на која страна ќе се посветите.
5 правило: Престанете да не обрнувате внимание на видливоста на облеката
Кога ги организирате работите, предност треба да ѝ дадете на видливоста. Секогаш при рака, односно „при очи“ имајте ги работите кои најчесто ги носите.
М. Д. | Црнобело