Лекови без кои не се тргнува на пат
Ова е кратка и основна листа која веруваме дека ќе ви се најде во време на годишни одмори, но и понатаму, за какво било патување.
За да ги спречите најчестите здравствени проблеми кои се јавуваат при патување, неопходно е во еден несесер да ставите:
1. Лекови против мачнина и повраќање
Ако знаете дека вие или некој близок има проблем со мачнини при патување, вреди да имате ваков лек при рака. Ќе ве спаси од сериозни нервози.
2. Средства против болкие и покачена температура
Може да бидат во облик на таблети или шумливи таблетки, но најважно е да имате нешто што ефикасно ќе ја смири температурата, како и болките во телото.
3. Средства за заштита против инсекти и средства за ублажување на убодот
Иако не се класични апчиња, ќе ви заштедат многу нерви.
4. Средство против стомачни мачнини и вируси
Доволно е да се напиете чаша вода од погрешно место за да си го уништите патувањето. Затоа, не заборавајте да понесете пробиотици, јаглени или нешто што вам ви помага.
5. Средство за чистење и санирање рани
Лесните повреди не се ретки при патувањата, па првата помош при рака знае често да се најде. Не одете никаде без средство за дезинфекција, чиста газа и фластери.
М. Д. | Црнобело