Растенија и зачини кои ќе ви помогнат да се ослободите од комарците во домот
Иако сите со нетрпение ги чекавме топлите денови, факт е дека со нив доаѓаат и досадните комарци.
Денес можете да најдете секакви средства против комарци, но обично тие се полни со хемикалии. Ако сакате некоја природна алтернатива, тогаш сте на вистинското место.
Погледнете кои природни состојки ќе ви помогнат да се справите со комарците:
Екстракт од ванила
Измешајте екстракт од ванила со крем со послаб мирис во сооднос 1:10 и намачкајте ја кожата.
Можете и да растворите екстракт со малку вода, па да ја нанесете смесата на кожата.
Етерично масло од босилек
Растворете 5-10 капки етерично масло од босилек во чаша вода и со тупфер нанесете на кожата. Можете и да натопите памук со ова масло и да го оставите покрај прозорецот, со што ќе го спречите влегувањето на комарците во домот.
Каранфилче
Во сад ставете чаша вода и 5 грама сушено каранфилче и оставете ја смесата да врие околу 15 минути. Потоа измешајте 10 капки од смесата со 1 лажичка спреј за тело или парфем и со тупфер нанесете на кожата.
Камилица
Без разлика дали ќе користите суви или свежи цветови камилица, тие сигурно ќе ги избркаат комарците. Доволно е да ги оставите цветовите покрај прозорците за да го спречите влегувањето на комарците во домот.
Свеж босилек
Можете да насадите босилек во градината, кој сигурно ќе ги брка комарците. Можете и да ги истриете голите места од телото со листови босилек за да ги спречите убодите.
Масло, шампон и оцет
За оваа мешавина ќе ви треба малку масло, шампон и оцет. Измешајте ги состојките во ист сооднос и мешајте додека не се направи пена. Можете да ја ставите смесата во шише со распрскувач и да ја нанесете директно на кожата или да ја ставите во отворен сад на прозорецот или на масата во градината.
Спирова С. | Црнобело