3 природни начини за да добиете интензивна, црвена боја на велигденските јајца
Првото јајце, чуварот на куќата, секогаш се бои со црвена боја, додека за останатите сами одлучувате.
Денес постојат мал милион на испробани техники на фарбање и шарање, но повеќето вклучуваат вештачки бои.
Ако сепак сакате природно боење, ви откриваме како може да ја добиете интензивната црвена нијанса без боја од кесички:
Сок од вишни
Прелијте 10 јајца со 2 литри природен сок од вишна, 2 лажици сол и лажица оцет.
Варете додека водата не зоврие, оставете 10-тина минути на умерена температура, па потоа извадете ги да се оладат.
Цвекло
Сокот од цвекло кој останува во теглата откако ќе го изедете плодот, може да го искористите за вапцање на велигденските јајца.
Постапката повторно е иста. Евентуално, ако сакате посветла црвена боја, може да додадете малку вода, за да го разредите сокот.
Мелена пиперка
4 лажици мелен пипер ставете во 1 литар вода, со додаток на малку сол и оцет и сварете ги јајцата.
Внимавајте да не користите лута мелена пиперка, бидејќи вкусот може да продре до јајцата.
Напомена: Секако, иако овие техники некому успеваат, сепак не значи дека од прва секој ќе успее загарантирано да добие совршена црвена боја.
М. Д. | Црнобело