12 работи во кујната што непотребно ви зафаќаат простор
Бројни лажици за готвење
Со текот на времето се собираат многу лажици за готвење, но во реалноста ви требаат само неколку типови. Ако во фиоката владее хаос поради нив, најдобро фрлете ги или донирајте ги оние лажици што се поткршени, вечно извалкани, оштетени или стари за користење.
Кесички со зачини
Ако готвите често, веројатно користите и многу зачини, но немојте да ги чувате во нивните кесички. Многу подобро е да ги складирате во посебни садови за зачини – на овој начин ќе им го продолжите рокот на траење, но и ќе имате подобра прегледност, наместо куп полупразни кесички што наликуваат на ѓубре.
Шолји од вашата (пра)баба
Речиси сите сме наследиле понекоја ваква шолја од нашите баби, но ако ги чувате сите, вашата кујна ќе почне да наликува на музеј. Ако некоја шолја има сентиментална вредност, нормално дека ќе ја чувате, но оние што не ни помните дека ги имате, а во меѓувреме ги заменувате со нови, само ви зафаќаат место. Не мора да сте приврзани за стари и неупотребливи работи.
Стар прибор за јадење
Ако вашата фиока е преполна со лажици, виљушки и ножеви, можеби е време да се ослободите од оние најстарите. Секако, ова е најтешко за сите, бидејќи „што кога ќе дојде време да се наполни куќата со гости“, што е одлично размислување, но ако дури ни во такви случаи не сте го извадиле најстариот сет - подарете го на некого што нема со што да јаде.
Весници, сметки и слично оставени врз фрижидер
Наједноставното нешто што можете да го направите за вашата кујна да изгледа поорганизирано е да ги тргнете работите што ви стојат врз фрижидерот.
Стари ножеви
Кога сте го купиле комплетот ножеви, можеби сте ги користеле, но со текот на времето сфаќате дека сигурно не ви требаат 10-тина различни. Притоа, ако ги имате ножевите неколку години, најверојатно повеќето се тапи и не можете ни да ги користите. Не ги чувајте залудно старите кои не ги ни користите.
Спирова С. | Црнобело