12 работи во кујната што непотребно ви зафаќаат простор
Прастари шолји кои ви се подарок од бабите, а не ги користите, замастена тава која никогаш не може целосно да се исчисти, празни пластики од сладолед, полупразни ќеси кои прават неред и уште неколку работи во кујната кои непотребно ви зафаќаат место - време е да ги подарите или фрлите.
Ваквите предмети во кујната не ви се од никаква корист, непотребно зафаќаат простор и ви го отежнуваат чистењето и одржувањето на ред во домот.
Неколку идеи кои од нив е најдобро да ги фрлите (или донирате):
Стари даски за сечење
Ако долго време ја користите истата даска за сечење, таа сигурно е оштетена од ножевите, а веројатно има и понекоја „тврдоглава“ дамка од храна. Но старите даски не само што не изгледаат убаво, туку во вдлабнатините лесно се собираат бактерии и секакви нечистотии, кои не се отстрануваат целосно и можат да завршат во вашата храна.
Пластични кутии од сладолед и други продукти
Ако сте како повеќето, сигурно ги чувате пластичните кутии од сладолед, крем и слично, мислејќи дека ќе ви се најдат. Но запрашајте се колку од нив навистина сте употребиле. Ако сепак складирате храна во овие кутии, тогаш е во ред, но ако само ги трупате и ви зафаќаат простор, зошто да не ги фрлите?
Изгребани и замастени тави
Штом тавата е изгребана, во неа ќе ви загорува скоро секое јадење, па најдобро е да ја замените со нова. Истото важи и за тавите кои се замастени и никако не можете да ги исчистите.
Кеси од продукти што се купуваат на големо
За подобро да ги организирате шкафчињата во кујната, ставајте ги продуктите како леќа, ориз и слично, во тегли. За оваа намена можете да ги искористите и празните кутии за складирање. На овој начин шкафчињата ќе изгледаат посредено, но и ќе имате многу подобра прегледност.
Чадорчиња и слични украси за пијачки и коктели
Можеби некогаш сте правеле забава во домот и сте се опремиле со вакви украси, но веројатно не сте ги употребиле никогаш повеќе. Можеби сметате дека повторно ќе ви притребаат, но најверојатно само ќе ви зафаќаат место во кујната. Па, не двоумете се дали да се ослободите од нив. Кога ќе дојде време за забави, ќе се подновите.
Плетени корпички кои никогаш не сте ги искористиле
Во речиси секој дом има по неколку вакви корпи и можеби некогаш биле хит, но денес се застарени и сигурно само собираат прашина. Штом не ги користите, нема потреба ни да ги чувате.