Фото-предлози како практично да го искористите организерот за есцајг за сосема друга намена
Во нашите домови постојат навистина многу работи на кои лесно можеме да ја видоизмениме крајната цел, односно мудро да ги искористиме.
Една од нив е организерот на приборот за јадење.
Постојат луѓе кои лесно се поврзуваат со предмети и по никоја цена не сакаат да ги фрлат, а има такви што не поднесуваат неред и натрупаност и без никаков сомнеж се ослободуваат од сѐ што им е непотребно.
Без разлика на тоа во која група припаѓате, во продолжение ви претставуваме неколку идеи како интересно да го искористите вашиот организер за есцајг, а во исто време да сте практични:
Уредување на аксесоарите за коса
Искористете ги преградите за да ги одделите различно обоените ластичиња за коса, или пак различните типови на чешли, шноли и траки за коса.
Овој вид организер можете да го чувате во фиока во бањата или спалната соба, во зависност од тоа каде најмногу ви одговара.
Практично складирање на шминките
Кој вели дека овие прегради служат единствено за складирање на приборот за јадење?!
Меѓудругото, тие се одлична идеја за вашите шминки да бидат секогаш уредно сместени.
Функционално место за батериите
Многумина од нас се спремни практично да го „размонтираат“ целиот дом, со цел да ја пронајдат вистинската батерија во моментот кога им е потребна.
Затоа, ова е одличен предлог кој ќе ви помогне тие да ви бидат секогаш при рака, а преградите одлично ќе го одредат местото на секоја батерија, зависно од нејзината големина.
Катче за нега на вашите заби
Добро знаеме колку треба да внимаваме на нашата лична хигиена, така што допирањето на четките воопшто не е пожелно.
Земајќи го тоа во обѕир, ова дефинитивно е најиновативна идеја за употреба на овој организер.
Играчка во вид на куќичка за вашите деца
Обвиткајте го организерот со украсна хартија или ткаенина и направете симпатична куќичка за вашите најмили.
Куферче со боички
Практично организирајте ги вашите фломастери, дрвени боички, четки, ножички и засекогаш „спасете се“ од нивното губење низ домот.
Организер на влезот од вашиот дом
Веднаш штом влезете, сместете ги вашите очила за сонце, клучеви и другите секојдневни додатоци на влезот, така што ќе ги намалите шансите да ги загубите некаде.
Ова е одличен предлог, особено ако имате помал ходник.
Уште неколку предлози низ фотки:
Мила М. | Црнобело / фото: Pinterest