Водич: Како оптимално да ја користите машината за перење и да ја одржувате облеката како нова подолго време?

Колку детергент е доволно, како да не ја преполните машината за да не извадите полумокри или искинати парчиња, кои се најнови технологии и од што се задоволни корисниците на машини за перење кај нас? Споделуваме искуства за избор на машина за перење, но и водич за како правилно да ги користите за облеката да ви остане како нова.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-01.jpg

Кога се вселувате во нов дом, најважно е да одберете квалитетни производи за во домаќинството, а нешто на што најмногу треба да се обрне внимание е дефинитивно машината за перење облека.

Сигурно не сакате да купите нешто само поради цената или поради тоа што најдобро изгледа, а потоа низ годините да поминувате низ тортура со лошо испрана облека која воопшто не мириса убаво, или вадење на полумокри парчиња облека од машина и уште полошо, избледени или искинати парчиња облека.

Не е воопшто лесно да се избере најдоброто во „морето“ од брендови и модели, па бидејќи се најдов во таква ситуација периодов и ми беше потребна нова машина за опремување на домот, го споделувам моето искуство, што сигурно ќе им помогне барем малку на сите тие кои треба да купат првпат машина или сакаат да ја заменат старата.

Посетив многу продавници за бела техника и апарати за домаќинство и буквално се изгубив во огромниот избор на брендови и модели, чудни и досега непознати за мене технологии и опции, кои во моментот не ми значеа ништо, па сфатив дека морам да направам дополнително истражување. 

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-08.jpgфото: depositphotos.com

Покрај сите споредби на спецификации и рецензии за различни брендови и модели, прочитани на интернет, најдоброто нешто е да се видат мислењата и искуствата на корисници од „прва рака“, а за тоа одлично се наоѓаат Фејсбук групите каде домаќинките до последен детаљ ги кажуваат своите искуства.

Од тоа колку години ги користат машините до тоа како машината им ја пере облеката, колку се задоволни, дали и колкупати дошол мајстор, кои програми се најупотребливи и топли препораки за одредени брендови.

По исцрпно истражување и читање коментари, дојдов до заклучок дека дефинитивно Samsung е еден од најдобрите брендови за кои многумина советуваат дека нема да погрешите ако го изберете.

Искрено, и во многу од продавниците за техника, Samsung беше првиот предлог на продавачите на прашањето „која машина за перење ќе ни ја препорачате?“.

Но секако, само брендот не го скратува доволно изборот, бидејќи Samsung има да понуди голем број на модели за машини за перење, кои нудат различни технологии.

Па така, дојде на ред истражување на сите тие дотогаш неслушнати фрази и технологии кои искрено не сум ни знаела дека постојат, а добро е да им го знаете значењето и целта. Јас се сретнав со неколку такви за кои ми требаше детално истражување и објаснување...

Интелигентно перење? Зарем е можно машината да ги знае моите навики за перење и да ми предложува циклуси, да ми прикажува информации, да ми дава совети и да ми ги решава проблемите за перење преку апликација? Очигледно да.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-4.JPGфото: Samsung

Веројатно ќе наидете и на технологијата AI Wash, која верувале или не, користи 4 видови сензори за да ја евидентираат тежината на облеката и автоматски го пресметуваат оптималното количество вода и детергент. Сензорот за заматување го следи нивото на валканост и, ако е потребно, додава повеќе детергент или го продолжува времето за плакнење.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-06.JPGфото: Samsung

А, што е тоа EcoBubble што сите продавачи прво го кажуваат кога презентираат машина? - Претворање на детергентот во меурчиња за полесно и побрзо да навлезе во ткаенината и лесно да ја отстрани нечистотијата од облеката.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-5.jpgфото: Samsung

За што служи тоа QuickDrive? Очигледно со оваа технологија машината троши помалку време за перење и ја штити животната средина. QuickDrive го намалува времето на перење до 50%, а потрошувачката на енергија до 20 % без да ја наруши ефикасноста на чистењето. Ова се интересни податоци кои треба да се имаат на ум при купување на машина.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-03.JPGфото: Samsung

Или дигитална инвертер технологија? Тоа всушност значи дека машината користи силни магнети за потивки и помоќни перформанси, но троши помалку енергија од универзален мотор.

Уште нешто што може да биде од големо значење е хигиенското чистење со помош на хигиенска пареа, со која облеката се чисти длабински и хигиенски. Се ослободува пареа од дното на барабанот, така што секое парче е темелно натопено, а истовремено ја отстранува закоравената нечистотија и 99,9 % од бактериите и алергените.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-13.JPG

Ако ја купите најубавата машина според дизајн и најмоќната според перформанси, а не ја одржувате чистотата и нејзиниот изглед, ништо не сте завршиле. Но покрај тоа што сами ќе ја одржувате, постои и опција Drum Clean + која овозможува вратата и внатрешноста на машината да бидат хигиенски чисти, отстранувајќи 99.9% од бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба во барабанот.

Откривајќи ги моќите на машината, наидов и на нешто многу кул, што со сигурност ќе ми биде многу потребно – AddWash технологија.

За оние кои секогаш забораваат да ги стават за перење пижамите што ги носат, предоцна одлучуваат дека и постелнината им е за перење и слично – ова ви овозможува да додадете облека додека машината веќе пере.

Сепак, важно е да се напомене дека вратата Add Wash се отвора само кога температурата на барабанот е под 50°C и добро е да го знаете тоа како не би направиле нешто што може да остави последица.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-07.JPGфото: Samsung

Кога сме веќе кај правење грешки и оставање последици, важно е да се напомене и дека не треба само да ја купите најдобрата машина, бидејќи колку и да е добра, сепак не е семоќна, па одржувањето на истата и правилното користење е неопходно за извонреден резултат.

Сите овие перформанси и уште многу други дополнителни, ги најдов кај Samsung WW9800T машината за перење, а нејзиниот изглед е модерен и футуристички, па совршено би се вклопил во секоја бања. Повеќе информации за оваа машина може да најдете ТУКА

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-8.jpgфото: Samsung

Но, да се навратиме на одржувањето на машините за перење. Во кои правила се „колнат“ искусните корисници и експертите, за облеката да ви биде чиста и како нова долго време?

Како правилно да ја сортирате облеката?

Сортирање по боја

Сигурно не сакате белата кошула да ви стане полурозова заради црвените пижами што сте ги ставиле во исто време со неа на перење? Или црните парчиња облека да избледат, а истовремено белите парчиња во истото перење да ги направат сиви наместо да останат блескаво бели?

Колку и да звучи тешко, важно е од почеток да стекнете навика на сортирање по боја.

Сортирајте ја облеката за перење во три групи:

Бела облека: Бели кошули, бели маици, бела долна облека, бели чорапи

Шарена светла облека: пастелни бои како розова, виолетова, небесна сина, светло зелена и жолта

Темна облека: сива, тегет, црна, бордо, темно кафеава, темно виолетова, темно црвена, темен тексас

За да ви биде уште полесно можете дури да си набавите и корпа со прегради, па уште кога ќе ги ставате алиштата во корпа да ги сортирате. За кратко време ќе ви стане навика на која ќе си бидете благодарни.

Сортирање по материјали

Освен тоа што треба да ја сортирате облеката според боја, важно е да не мешате различни материјали на иста програма за перење. 

На новите машини имате многу голем избор на програми и циклуси за различни перења – од перење на памучни до волнени алишта, бебешки алишта, постелнина или деликатни материјали кои се нежни и трпат само рачно перење - па искористете го секој посебно во зависност од типот на облека што го перете за да ја доживеете максимално моќта на машината, наместо сите овие работи да ги ставите одеднаш.

Важно е да ги следите и ознаките на етикетата на облеката, кои укажуваат на тоа на каква програма или на колку степени може да се пере секое парче.

siboli-za-perenje.jpgфото: depositphotos.com

Кое е оптимално полнење на машината?

Грешката која голем број домаќинки ја прават – сакаат цела корпа да ја префрлат во машината одеднаш. Колку и да ви личи дека има место, никогаш не смее да дозволите машината да „крца“ од алишта. Не значи дека треба да го пополните последното дупче и да нема место каде игла да се фрли.

Преполнувањето на машината ја намалува ефикасноста на перењето бидејќи облеката нема доволно простор за мрдање и може да излезе полумокра и валкана, а она што многупати веројатно ви се случило ако го правите ова – облеката може да излезе уништена и уште полошо, самата машина може да се оштети.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-09.jpgфото: depositphotos.com

Па, ако треба да ставите на вага – подобро е да викате мајстор секој месец и облеката да ви е лошо испрана и уништена или едноставно да научите колку е доволно да ја полните машината?

Сепак, не е ниту решение машината да ја пуштате полупразна, освен ако не се работи за специјален тип за облека.

Најдобро е машината да ја полните 80% од капацитетот на бубањот, но ако користите некои посебни програми за специфичен материјал, тогаш најдобро е да се држите до упатството.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-10.jpgфото: depositphotos.com

Правилно ставање на облеката во машина

Откако ќе ја сортирате облеката по боја и материјал, не мора да ги натрупате сите парчиња одеднаш. Ставајте ги едно по друго, а пред тоа осигурете се дека имате извадено секакви ситници од џебовите и закопчајте ги копчињата и патентите.

Колку детергент е доволно?

Многу често, со цел да добиеме добро испрани и мирисливи алишта, ставаме повеќе детергент и омекнувач од потребното, мислејќи си „нека има, нема штета“.

Но, сепак експертите предупредуваат дека претерувањето со детергент не е баш паметна одлука.

Прво, од едноставна причина што, ако ставите премногу детергент, истиот може да не се распореди доволно добро и да не се исплакне, па на некои скриени места од облеката да остане во мала количина и да се развијат бактерии, кои со перењето сакаме да ги уништиме, а не да ги создадеме.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-11.jpgфото: depositphotos.com

Кога сме кај остатоци од детергент, сигурно сте забележале дека на старите машини, во преградите за детергент има остатоци, но со Samsung WW9800T машината  нема потреба да се грижите за тоа бидејќи StayClean фиоката се грижи да се исплакне колку што е можно повеќе детергент благодарејќи на дизајнираниот систем за плакнење со вода.

vodich-kako-optimalno-da-ja-koristite-mashinata-za-perenje-i-da-ja-odrzhuvate-oblekata-kako-nova-podolgo-vreme-12 (1).jpgфото: Samsung

За наша среќа, машините како Samsung WW9800T, имаат опција за автоматско дозирање со помош на вештачка интелигенција, што пресметува кое е оптималното количество на вода и детергент и ако е потребно додава повеќе или пак, го продолжува времето за плакнење доколку количината на детергент е поголема.

Со автоматското дозирање, преку опцијата AI Wash може да се складира доволно детергент за 1 месец перење, ако просекот е 4 полнења неделно.

Во некои работи навистина вреди да се инвестира, со оглед на тоа што има огромен број технологии и опции кои претходно не сме знаеле ни дека постојат, но сега не можеме да си го замислиме секојдневието без нив. 

Порчитајте повеќе детали за Samsung WW9800T машината ТУКА.

Имате да додадете уште некој совет за машините од ваше искуство?

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg