После колку носења и како се перат плетените џемпери, без да се развлечат?

Одржувањето на топлите, плетени џемпери си бара време и посветеност, па и по некој трик.

posle-kolku-nosenja-i-kako-se-perat-pletenite-dzemperi-bez-da-se-razvlecat-2.jpg

Правилното одржување на џемперите исто така подразбира и да не ги фрлате во плакар и да ги оставате стуткани. По секое носење треба внимателно да ги диплите и да не ги ставате на закачалка за да не се развлечат.

Топчињата кои се појавуваат по неколку носења на плетката не треба да ги отстранувате со влечење, туку со малечки ножички.

Џемперите секогаш се чуваат на свежо место. Пожелно е да ставите и некој препарат со мирис на лаванда, против молци.

Џемперите би требало да ги перете после 5-6 носења. При перењето треба да користите исклучиво средства за чувствителни ткаенини, а водата да биде речиси ладна.

posle-kolku-nosenja-i-kako-se-perat-pletenite-dzemperi-bez-da-se-razvlecat-1.jpg

Пред перење, превртете ги од внатрешната страна. Освен ако не пишува „Dry clean only,“ тогаш може да ги перете на рака или во машина. Сувото перење пак, подразбира исклучиво хемиско.

Флеките, ако ги има, секогаш се перат претходно, со блага сапуница.

По перење на ниска температура, ставете го џемперот на пешкир и благо протријте. Или, може да го замотате во ролна.

Кога ќе се исцеди, може да го ставите на метална сушара, но само хоризонтално, односно легнато. Никако не смее да виси.

Избегнувајте да ги доближувате џемперите до било какви извори на топлина.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg