Домаќински трик: Како да ги измиете пластичните кутии за да не останат масни?
Дали ви се случило да измиете пластична кутија во која имало нешто масно, но садот да не исчисти темелно и да остане масен?
Домаќинка открива лесен трик како побрзо и поефектино да ги исчистите масните пластични кутии.
Наместо веднаш да бришете со сунѓерче, послужете се со следниот трик кој таа го објавила на ТикТок.
- Ставете малку детергент за садови во кутијата, додадете топла вода и скинете неколку парчиња кујнски бришач.
- Додадете мали парчиња во водата, ставете го капакот и протресете 4/5 минути.
- Потоа водата истурете ја во лавабо, а хартијата задолжително фрлете ја во канта.
Со овој трик, хартијата ги упива маснотиите, а потоа вие може уште еднаш да исчистите со сунѓер и да исплакнете.
Видео постапка:
@adikempler This hack has saved so many of my Tupperware friends. Try it!!!! ##fyp ##cookingvideos ##cookinghacks ##lifehacks ##hacks ##stainremover ##foryou ##foryoupage
-->-->♬ original sound - adikempler
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите?
Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...

8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот)
Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот
Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...

Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот?
Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...

Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор
Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“
Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...