Сунѓерот за садови има рок на траење, веројатно го користите подолго отколку што треба

Најчесто во домот имаме толку многу работи што забораваме дека поголемиот дел од нив имаат одреден рок на траење.

Sungjer-za-sadovi-rok-na-traenje-01.jpg

Она што е најлошо – најмалку внимание им обрнуваме на работите што ги користиме секојдневно, а после одреден временски период тие се претвораат во легло на бактерии.

Според мислењето на експертите, овие 5 работи би било најдобро веднаш да ги замените со нови:

Кујнски сунѓери – рок на употреба: 1 недела

Нередовната замена на сунѓерот во кујната може да резултира во собирање на бактерии кои можат да предизвикаат болести, вклучувајќи ешерихија коли, салмонела и други.

Кујнските сунѓери се вистински магнети за нечистотија, а некои истражувања покажуваат дека овие сунѓери се повалкани дури и од ВЦ шолјата.

Четка за коса – рок на траење: 1 година

Четката за коса треба да се чисти барем еднаш неделно и да се замени со нова по една година. Доколку истата е со природни влакната, тогаш добро е да ја замените со нова по 7 до 10 месеци.

Филтер за вода – рок на траење: 6 месеци

Доколку имате фрижидер со вграден филтер за вода, голема е веројатноста дека нема да го менувате филтерот толку многу често. Кога не се заменува редовно, филтерот не може да ја заврши работата, односно да ја одвои нечистотијата од водата за пиење.

Проверете ги упатствата за вашиот фрижидер според моделот, но многу брендови препорачуваат да го менувате филтерот за вода на секои 6 месеци.

Стари пластични кутии за храна – фрлете ги веднаш

На денешните пластични садови за храна, веројатно ќе забележите мала налепница што ве уверува дека тие се „без БПА“. Веднаш исфрлете ги старите пластични садови без такви ознаки и заменете ги со нови пластични садови кои се соодветно безбедни или стаклени садови коишто се уште посоодветни за чување храна.

Перници – рок на траење: 2 години

Со текот на времето, перниците стануваат дом на поголем број на прашински грини и ја менуваат својата форма, што може да доведе до болки во вратот и искривување на целото тело.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
9 работи на кои не обрнувате внимание во продавница, а се корисни за домот Додаток за чешма за поубаво распрскување на водата, вакуум ќеси за складирање об...
9 знаци дека имате премногу работи дома (и просторот ви е затрупан) Дали само што ќе помислите да чистите дома ве фаќа анксиозност поради хаосот што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg