Како ефективно да го намалите отпадот во вашето домаќинство?

Амбалажата која има минато, може да има и иднина

umetnicko delo.jpg

Зашитата на животната средина претставува едно од клучните прашања за нашата, па и за идните генерации - бидејќи тоа е местото каде постоиме, живееме и дишеме, а секоја наша негрижа директно не’ погодува нас. Рециклирањето е најчестиот начин на кој покажуваме грижа за околината, но за да го направите вашето домаќинство навистина одржливо, потребно е да почнете од првиот логичен чекор - намалување на отпадот кој го оставате зад себе.

Целта на одржливиот начин на живот е да се создава помало количество отпад, што ќе придонесе за зачувување на суровинските извори и намалување на нивната потрошувачка, како и на потрошувачката на енергија потребна за да се произведат истите. Во просек, секој жител на нашата земја создава повеќе од 2 килограми отпад на ден, а таа бројка се зголемува скоро секоја година.

Погледнете околу себе и обидете се да ги забележите сите видови на отпад кои можете да ги „скратите“ со одговорна и паметна употреба на ресурсите. На пример, започнете со тоа што со себе секогаш ќе носите платнена торба кога одите во шопинг. На тој начин ќе ги намалите трошоците за купување најлонска ќеса, но и ќе го намалите бројот на ќеси кои беспотребно се „трупаат“ во некоја од фиоките во домот.

stara kosula.jpg

Еден од најдобрите начини да живеете одржливо е да купувате производи чии амбалажи можете да ги употребите повторно, во друга намена. Стаклените шишиња од пиво, теглите и конзервите се добар пример за таквата ре-употреба.

Поради цврстиот материјал од кој се направени, откако ќе ги испразните можете да ги искористите како вазни за цвеќињата на терасата, па дури и да ги украсите заедно со вашето дете, со цел да ја поттикнете неговата креативност. Така, ќе поминете квалитетно време со семејството, притоа пренесувајќи ја пораката за одржливо домаќинство и на следната генерација. И потоа, во моментот кога ќе одлучите дека повеќе не ви се потребни, побарајте го најблискиот контејнер на Пакомак и фрлете ги во него, од каде отпадот ќе замине на рециклирање.

kontejneri.png

Сепак, најчест и најзастапен отпад во домаќинството е хартијата: весници, каталози, списанија и картони. Сите знаеме дека токму ваквиот отпад се задржува беспотребно во нашите домови, бидејќи релевантноста на весниците и магазините истекува за многу кратко време. За среќа, постојат мал милион начини на кои можете да ја употребите хартијата пред да ја претворите во отпад. Така, листовите од весници се одличен материјал за бришење прозори и чистење стаклени површини, во нив можете да ги завиткате кршливите предмети кои сакате да ги заштитите при транспорт или пак да ги постелете до влезната врата во дождливи денови за да го заштитите подот од оштетување. Ако имате купено нов тепих, кој не сакате да се оштети при лизгањето на подот, тогаш под него постелете стари весници, кои ќе ја заштитат долната страна од тепихот. Едноставно - бидете креативни!

tegli.jpg

Постојат безброј начини на кои можете да придонесете за креирање на одржливо домаќинство или одржлива животна средина, само треба да покажете волја за да го направите првиот чекор. Со домашна реупотреба ќе му дадете нов живот на амбалажниот отпад, ќе ја намалите количината на ѓубре која ја исфрлате и ќе зачувате дел од суровинските извори. Одговорната употреба на ресурсите ќе ве направи посреќни и позадоволни, а вашето домаќинство ќе го претвори во ваш личен, самоодржлив храм на благосостојба. Ако секој поединец се приклучи кон заедничката цел, промената ќе почне да се забележува насекаде во општеството.

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...
Максимално искористете ја евтината тарифа и уште 7 совети како да ја намалите сметката за струја Кога купувате нови уреди, осигурете се дека се енергетски ефикасни и максимално ...
11 најнечисти работи во домот кои гостите ги забележуваат (Бр. 2: капакот од корпата за отпадоци) Го чистите ли просторот помеѓу капакот и казанчето за вода во тоалетот? Исто так...
Трикови со кои предметите и храната во домот ќе ви траат подолго (и ќе ви заштедат пари) Чувајте го лебот во фрижидер за да ви трае подолго, а облеката перете ја преврте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg