8 едноставни, но ефикасни трикови со кои ќе си го олесните чистењето на бањата
Исчистете го огледалото со пена за бричење и освежете го воздухот со етерично масло - кои други трикови ќе ви го олеснат чистењето на бањата?
Бањата е најважната просторија кога станува збор за чистење.
Бањата е место со можеби најмногу бактерии во домот и е просторија што ја користиме повеќепати дневно, па важно е темелно да ја исчитиме.
Неколку трикови со кои вашата бања ќе заблеска:
Етерично масло за пријатен мирис
За прекрасен мирис во вашата бања не се потребни скапи освежувачи – доволни се само неколку капки етерично масло.
Истурете неколку капки од маслото на парче памук, а можете да ставите и една-две капки во внатрешноста на ролната тоалетна хартија.
За блескаво огледало, користете пена за бричење
Намачкајте го огледалото со пена за бричење и добро избришете го. По оваа постапка, можете да заборавите на замагленото огледало.
По три недели, повторете ја истата постапка.
Алкохолен оцет за чистење на чешмите
Ако имате чувство дека на чешмата или на тушот е слаб притисокот, веројатно станува збор за бигор.
За да го решите тој проблем, земете алкохолен оцет и ставете малку во мала ќеса. Потоа прицврстете ја со ластик за чешмата или тушот. Оставете така да отстои преку ноќ.
Оцетот ќе го разгради бигорот, но и темелно ќе го исчисти отворот на чешмата или тушот.
Најдете место за полица
Полицата е одличен начин да ги организирате работите како што се: пешкири, тоалетна хартија, средства за чистење...