Водич во 5 чекори: Како да престанете да пакувате работи кои никогаш не ги облекувате?

Секое патување е иста приказна – куферот е претежок и преполн, а лошото планирање на бои и принтови ве остава облечени во една иста комбинација со денови. Притоа, остатокот од облеката само ја шетате.

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-001.jpg

За да научите да се пакувате „лесно“, а секогаш да имате што да облечете, независно од пригодата, мора да почитувате неколку правила:

1. Палетата на бои мора да биде соодветна на годишното време.

2. Исто така, во куферот не би требало да имате повеќе од 2-3 бои.

3. Бројот на основни парчиња облека треба да се движи од 5 до 8. Не смее да имате повеќе од 12 парчиња, вклучувајќи ги и аксесоарите.

4. Основата на секое пакување треба да биде едно парче облека, евентуално две.

5-те чекори се следниве:

Одберете панталони и/или здолниште околу кое ќе ги изградите сите комбинации. Би требало да одговара со сите кошули и маици кои ќе ги земете.

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-01.jpg

Соодветно на панталоните и/или здолништето, одберете 2-3 блузи или кошули. Мора да бидат универзални.

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-02.jpg

Додадете 2-3 парчиња кои се ин оваа сезона.

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-03.jpg

Додадете уште 2-3 парчиња кои се соодветни за сезоната во која патувате, а ќе ви помогнат да создадете слоевита комбинација.

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-04.jpg

На крај, испланирајте ги аксесоарите – мора да бидат во светли бои кои одговараат на сè што претходно сте спакувале. Чанта, колан, чевли и марама се основните.

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-05.jpg

Типови на пакување:

Бизнис

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-06.jpg

Кежуал

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-07.jpg

Елегантно

vodic-vo-5-cekori-kako-da-prestanete-da-pakuvate-raboti-koi-nikogas-ne-gi-oblekuvate-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg