Збогум главоболки: 6 корисни трикови за воспоставување ред во домот
Фармерките ќе ви бидат организирани и лесно достапни, а при бојадисувањето нема да правите неред насекаде.
Понекогаш редот е потребен за да имате мир во домот.
Со неколку трикови вие можете многу да си го олесните секојдневието.
На овој начин збогувајте се со нередот и главоболките:
Закачалки од завеса за туш за средување на фармерките
Средувањето на фармерките во гардероберот може да биде напорна работа.
За да го средите хаосот, купете некои евтини завеси за туш или када во тоалетот и закачалките од нив искористете ги за да ги распоредите своите фармерки во плакарот.
Самолепливи „перничиња“ за да не трескаат вратите
Ако ве нервира тропањето на вратите, купете од продавница самолепливи „перничиња“ кои се користат за заштита на нежни површини.
Залепете ги на горниот и долниот дел од вратата, каде нема да бидат многу видливи, а ќе имаат ефект на намалување на тресокот.
Организирање на приклучоците на продолжниот кабел
На пластифицирани картончиња напишете кој кабел за што би служи и ставете ги на каблите.
Ќе си заштедите многу време и главоболки.
Користете шпагети за да запалите тешко пристапни свеќи
Ако имате свеќи во ваза или некој необичен свеќник и ви се тешко пристапни, тогаш запалете го крајот од незготвена шпагета и искористете ја место чкорче за да не се изгорите.
Гумена лента за олеснување на бојадисувањето
На средината од кантата со боја ставете гумено ластиче, кое ќе ви служи за отстранување на вишокот боја при бојадисувањето, и нема да капите наоколу.
Скријте го рутерот во корица од стара книга
Доколку домот ви е уреден во винтиџ стил и не сакате рутерот да ви ја руши атмосферата во ентериерот, скријте го во корици од стара книга.
С. С. | Црнобело