Дали перењето со ладна вода темелно ја чисти облеката?
Да се има беспрекорно чиста облека без дамки, која после секое перење ќе изгледа како нова е нешто кое сите го посакуваме.
Вообичаено, машините за перење користат топла вода за да ги исчистат алиштата, но во последно време, многумина сметаат дека опцијата за перење со ладна вода е подобра.
Постојат неколку причини за ова тврдење. Перењето со топла вода троши повеќе енергија поради тоа што машината црпе повеќе струја за да ја загрее водата.
Топлата вода исто така ја стеснува облеката која се пере, па по некое време таа ја губи формата. Ладната вода, пак, не го менува обликот на облеката, а исто така е и подобра опција за долготрајноста на боите, за разлика од топлата.
Кога станува збор за отстранување на дамки, дел од најчестите дамки како на пример дамките од пот или храна подобро се вадат со ладна вода. Сепак, тука голема улога игра и детергентот.
Повеќето детергенти и прашоци се направени за перење со топла вода, па ако сакате да перете со ладна вода, потребно е да купите соодветен детергент.
Иако мислењата се поделени, според многумина, перењето со ладна вода е подобра опција. Најдобро е да ги пробате и двата начина и самите да утврдите кој начин е подобар за вашата облека.
М. В. | Црнобело