Грешки при пазарење храна заради кои трошите повеќе пари од потребното

Речиси секој ден одиме во некој супермаркет за да пазариме и никако не можеме да научиме кои работи не треба да ги правиме.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-01.jpg

Навиките кои ги имаме, барем некои од нив, може сериозно да му „наштетат“ на нашиот буџет.

Со оглед на тоа што ретко кој ги забележува, ние сме тука да ви кажеме каде се вашите грешки при пазарењето.

Научете како да заштедите при купување, без да го жртвувате квалитетот:

Погрешен редослед на пазарење

Многу често не знаете како да го ограничите бројот на производи кои ги купувате. Но, кога веќе сакате да купувате многу, одбирајте здрави намирници.

Ако не можете да одолеете на потребата да ја наполните корпата или количката, почнете со пазарење од делот за овошје и зеленчук. Овде ќе ја наполните корпата со здрави работи и потоа ќе има многу малку простор за останатите нездрави намирници на кои само фрлате пари непотребно.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-02.jpg

Не ја знаете цената на производите кои редовно ги купувате

Обидете се да ги запомните цените на производите кои редовно ги купувате. Така нема да може да бидете изманипулирани од лажни попусти кога цената останува иста, а пишува дека се намалени. Знаејќи го ова, ќе можете да ги искористите вистинските попусти.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-03.jpg

Не планирате однапред

Ова не само што ќе ви го отежни пазарењето, туку ќе имате и проблем со „составување домашно мени за ручек“. Испланирајте го однапред неделното мени, и така секогаш ќе знаете што да купите за да ги подготвите сите оброци. Плус, нема да купувате непотребни намирници.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-04.jpg

Не обрнувате внимание на тежината на производите

Замислете дека има 2 слични пакувања на путер на полицата, а едното од нив е многу поевтино. Не се избрзувајте да го купите поевтиното, пред да ја проверите тежината.

Можеби тоа што е поевтино има помала тежина, па во зависност од соодносот на цената и тежината на двата производа, некогаш е попаметно да го купите она што е малку поскапо, а има повеќе содржина.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-05.jpg

Не пробувате нови производи

Многумина постојано ги купуваат истите производи од истиот бренд, плашејќи се да пробаат нешто ново и различно. Но сепак, производителите на нови непознати производи често продаваат квалитет за пониска цена.

Не се плашете да експериментирате. Освен што ќе заштедите пари, ќе откриете и повкусни или поздрави јадења. Сепак, не мора да значи дека секогаш ќе биде така, но вреди да се проба.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-06.jpg

Не обрнувате внимание на попусти кои продавницата ги објавува

Со технологијата, дел од маркетите имаат веб сајтови каде ги објавуваат тековните попусти на производите и можете секогаш да ги следите. Ако немаат ваква опција, тука се секогаш флаерите каде ги пишува сите акции.

Така ќе можете да ги споредите цените и да знаете од каде и кога да купите одреден производ.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-07.jpg

Ги избегнувате евтините производи

Многу житарици, шеќер, сол или зачини, може да се најдат за разумни цени. На пример, обично спакуваниот шеќер е исто толку добар како и оној кој е спакуван во поинтересен дизајн и е поскап.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-08.jpg

Бирате производи кои се во првиот ред на полицата

Ако сакате да ги најдете најсвежите производи, секогаш барајте ги поназад на полиците. Продавачите намерно првиот ред го резервираат за храна на која наскоро може да и истече рокот, за побрзо да се продадат.

greshki-pri-pazarenje-hrana-zaradi-koi-troshite-povekje-pari-od-potrebnoto-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
8 работи поради кои спалната соба ви е секогаш хаотична Хаосот од расфрланите продукти за убавина и несредениот накит во спалната секако...
9 работи на кои не обрнувате внимание во продавница, а се корисни за домот Додаток за чешма за поубаво распрскување на водата, вакуум ќеси за складирање об...
9 знаци дека имате премногу работи дома (и просторот ви е затрупан) Дали само што ќе помислите да чистите дома ве фаќа анксиозност поради хаосот што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg