Чистка во гардероберот: 10 работи што треба да ги исфрлите

Средувањето на плакарот знае да биде вистински предизвик, но вреди да вложите труд и време, за на најдобар начин да си ја организирате гардеробата.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-1.png

Многу почесто одиме во шопинг, отколку што правиме темелна организација на гардеробата.

Заради тоа, често се случува орманот да ни е е преполн со облека, а во суштина, да немаме баш премногу избор на парчиња за носење.

Затоа, вистинско време е да се ослободите од сѐ што непотребно ви зазема простор во плакарот, а направите место за нештата кои реално ќе ги носите.

Па, доколку сте спремни за чистка во гардероберот, десетте работи што задолжително треба да ги исфрлите се:

1. Стари пижами

На старата и износена пижама, не ѝ е место во плакарот. Затоа, пронајдете ѝ нова, удобна и квалитетна замена, која исто така долго ќе ви потрае.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-2.jpg

2. Фустан што сте го носеле на повеќе од пет свадби

Или која и да е бројката што ја имате на ум. Но, тогаш време е местото на тој фустан во орманот, да го заземе друг фустан, или, пак, поинакво модно парче, што ќе го избирате во текот на облекувањето за такви свечени прилики.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-3.jpg

3. Облеките на бившиот партнер

Во овој случај, не се работи само за парчиња облека кои непотребно ви заземаат место во плакарот, туку и за правење „емоционална“ чистка, после која ќе се чувствувате многу подобро.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-4.jpg

4. Износени градници

Повеќето градници го губат својот првобитен облик после година дена зачестено носење.

Но, на вас е да процените колку вашиот градник е износен, како и кога е време да го исфрлите од својот орман.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-5.jpg

5. Бесплатни маици

Маиците со различни логоа и рекламни написи, кои некогаш сте ги добиле, а никогаш не сте ги облекле, може да ги направите корисни, така што ќе ги претворите во крпи за бришење на прашина.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-6.jpg

6. Бели маици кои пожолтеле

Маиците во најголем дел ја сочинуваат нашата гардероба, а белите маички се клучните парчиња.

Но, доколку тие се пожолтени, а веќе не е можно да се избелат, тогаш нема смисла да ги држите во гардероберот.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-7.jpg

7. Парчиња што не ви одговараат

Облеката што ја чувате веќе со години, а која не ви стои и е неудобна - исфрлете ја од орманот - а заменете ја со облека во која се чувствувате добро и одлично ви прилега.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-8.jpg

8. Облека од „минатиот“ живот

Парчињата облека од средношколските и факултетските денови, сигурно уште од одамна ги немате носено, но тие сеедно се наоѓаат во вашиот плакар. Време е да ослободите простор за облеката која навистина ќе ја носите.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-9.jpg

9. Непарни парчиња

За единичните и осамени чорапи, ракавици и обетки - нема повеќе место во гардеробата.

Тоа се работи кои се мошне лесно заменливи, поради што нема поента да ги чувате во орманот.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-10.jpg

10. Оштетени закачалки

Скршените и оштетени закачалки, кои и не ви се баш од некаква корист, можете слободно да ги исфрлите од гардероберот.

Цените на закачалките знаат да бидат поприлично достапни, така што лесно може да пронајдете нови и подобри замени.

chistka-vo-garderoberot-10-raboti-shto-treba-da-gi-isfrlite-11.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg