14 чудни, но корисни начини како да ги употребите остатоците од храна за чистење
Ако сте од оние на кои им е особено важна заштитата на животната средина и преферирате да чистите на попридоден начин отколку со силни хемикалии, тогаш овие совети ќе ви бидат добредојдени.
Дали сте знаеле дека со остатоците од храна може совршено да го исчистите вашиот дом?
Погледнете ги овие 14 чудни, но корисни совети за чистење со помош на остатоци од храна и испробајте некој уште денес:
Исчистете го кожениот мебел со лушпа од банана
Текстурата на внатрешната страна од банановата лушпа + природните масла кои ги содржи во себе ќе делуваат како благо абразивно средство, а истовремено добро ќе го исполираат кожениот мебел.
Поминете со микрофибер крпа за да ги остраните евентуалните остатоци.
Освежете го фрижидерот со зрнца кафе
Во чист памучен чорап истурете поголема количина зрна кафе и затворете го. Освежувачот ставете го во фрижидерот, а тој ќе ги апсорбира сите непријатни миризби.
Направете природен освежувач од ананас
Корите од свеж ананас ставете ги во проѕирна кесичка и освежете го автомобилот или некоја друга просторија.
Освежете и заштитете ги железните тенџериња и тави со намрсената хартија од путерот
Остранете ја правта од сликите или малтерисаните ѕидови со бајат леб
Репарирајте ги дрвените маси со мајонез
Маслата во мајонезот ќе делуваат како регенератор на изгребаните уништени дрвени површини.
Исчистете ја тоалетната школка со Кока кола или Пепси
Дезинфицирајте ја кујната со бело вино
Алкохолот ќе ги „убие“ сите бактерии, виното ќе ги отстрани дамките, а мирисот кој го остава е благ и пријатен, па брзо ќе испари.
Остранете ја мувлата со вотка
Светнете ги прозорците со раствор од црн чај
Остранете ги водените капки и дамките од чешмите со лушпа од портокал
Освежете ги теписите со малку пченкарен скроб (нишесте во прав)
Исчистете ги вазните со чуден облик со помош на ориз и вода
Светнете ја кадата со половина цитрон и морска сол
(О)Милена | Црнобело