Како да го одржувате костимот за капење за да изгледа како нов?
Дали сте од оние жени кои секоја година купуваат нов костим за капење?
За да заштедите пари, а и да не го заменувате омилениот костим за капење со нов секое лето, придржувајте се кон овие неколку совети:
Перете го правилно
Костимот за капење се пере исклучиво на рака. Машинското перење брзо ќе му ги уништи обликот и бојата. Сонцето и солта оставаат дамки, па убаво исперете го за да биде како нов.
Сушете го на жица
Вакви чувствителни парчиња облека најдобро е да си сушите на жица, а не во машина на сушење.
Инвестирајте во квалитет
Кога станува збор за костимите за капење, обично цената го диктира квалитетот. Инвестирајте во костим од квалитетен и познат бренд кој ќе ви трае подолго од една сезона.
Внимавајте како го носите
Кога сте на плажа, облечете парео врз костимот за капење за да го заштитите или кога седнувате на песок или бетон, ставете крпа под вас.
Фрлете го костимот за капење ако е растегнат или смален
Некои костими кои веќе ја изгубиле формата или пак, се смалиле од перење, фрлете ги. Нема да се чувствувате пријатно додека ги носите, а лесно може и да ви се одврзат и да ви паднат.
М. В. | Црнобело