Валканите садови или сликите: Што прво забележуваат гостите?

Секој сака да знае што е тоа што другите веднаш го забележуваат кога ќе им дојдат дома на гости. Нередот? Мебелот? Бојата на ѕидовите? Колку е голем просторот?

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-01_2.jpg

Интернет страната My Domaine направиле истражување меѓу нивните корисници за да откријат кои работи луѓето најчесто ги забележуваат кога одат во туѓ дом.

Ако се надевавте дека на листата не е нередот, тогаш имаме лоши вести за вас.

Еве што точно, луѓето први забележуваат кога ќе ви дојдат дома на гости:

1. Чистотата или нередот

Ако се плашевте дека кога свекрвата или пријателите ќе ви дојдат на гости прво нешто што ќе забележат е купот валкани садови во мијалникот, тогаш имаме лоши вести за вас.

Луѓето признаваат дека кога одат во туѓ дом обрнуваат внимание на чистотата и колку се организирани домаќините.

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-1.jpg

2. Светли ѕидови

Освен ако не сте одбрале неутрални или бели ѕидови, светлите и силни бои секогаш предизвикуваат силни реакции кај гостите.

Црвените и кафеавите ѕидови се посебно омразени.

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-2.jpg

3. Како е наместен мебелот

Луѓето признаваат дека секогаш ментално го разместуваат мебелот кога одат на гости, ако не им се допаѓа тоа што го гледаат во реалноста.

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-3.jpg

4. Извори на светлина

Луѓето велат дека не обрнуваат внимание на тоа како изгледаат лустерите, сијалиците и ламбите во домот, ама дефинитивно забележуваат какво е осветлувањето.

За да предизвикате пријатни емоции кај гостите, најдобро е да се држите до природната светлина или она која е слична како светлината на свеќите - топла и слаба.

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-7.jpg

5. Пријатни мириси

Гостите секогаш реагираат позитивно на пријатните мириси во домот кои доаѓаат од готвените работи, ама подеднакво брзо можат да ги забележат и непријатните мириси.

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-4.jpg

6. Растенија

За многу луѓе, зеленилото е секогаш пожелно во домот, ама не ако е претерано.

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-5.jpg

7. Книги и уметност

Било кое уметничко дело кое го имате закачено, ќе привлече внимание и влијае на тоа каков впечаток ќе добијат гостите.

Исто така, некои луѓе сакаат да видат полици со книги.

valkanite-sadovi-ili-slikite-shto-prvo-zabelezuvaat-gostite-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg