Места и предмети во домот кои не треба да заборавате да ги исчистите

Поголемиот дел од луѓето се сконцентрирани на чистење на одредени елементи од домот што често забораваат дека има ситници кои, иако се незабележливи, имаат огромна важност за хигиената.

10-mesta-vo-domot-koi-verojatno-zaboravate-da-gi-iscistite-01

Стручњаците се согласуваат дека постојат работи кои луѓето едноставно ги забораваат, а се особено важни доколку сакаме да внимаваме на здравјето и чистотата во домот.

Според нив ова се работите кои најголемиот број луѓе забораваат да ги исчистат:

1. Задната страна на тепихот – ова место е особено подложно на собирање прав и нечистотија.

2. Чанти – извадете ја поставата и истресете ги. Памучните чанти перете ги во машина на ниска температура, а кожните третирајте ги со посебен спреј.

3. Ролетни – металните ролетни најлесно ќе ги исчистите со чорап. Натопете го во вода каде сте раствориле средство за чистење и навлечете го на раката па поминете низ ролетните.

4. Горниот дел на фрижидерот – кај најголемиот дел од луѓето предниот дел на фрижидерот е совршено чист, што не важи за горниот или страничните делови, кои главно не се забележуваат.

5. Кујнски сунѓери – стручњаците препорачуваат истите да се менуваат секоја недела, бидејќи на нив се собираат огромен број бактерии. За да им го продолжите животот морате да ги дезинфицирате со раствор од вода и средство за избелување.

6. Четки и додатоци на правосмукалка – за вашата правосмукалка совршено да функционира потребно е редовно да ја чистите прашината која се собрала во неа и нејзините делови.

7. Метла – најлесно ќе ја исчистите со правосмукалка или рачно. Исперете ја со топла вода и детергент и оставете ја да се исуши.

8. Канта за отпадоци – редовното чистење ќе ве заштити од огромниот број микроорганизми кои се создаваат во неа.

9. Чашата во која стојат четките за заби – во водата која долго стои на едно место по некое време се развиваат габи. Затоа се препорачува и овие чаши да се чистат редовно.

10. Апаратот за кафе – за да го исчистите резервоарот од наслаги, потребно е одвреме-навреме да го чистите со раствор од вода и оцет во еднакви количини. Оставете да делува 30 минути па исплакнете со ладна вода.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg