10 употреби на Coca-Cola кои веројатно не сте ги пробале
Ако не секој ден, барем неколкупати во неделата, секој испива по една чашка Coca-Cola. Голема е веројатноста да имате едно шише во фрижидерот во овој ист момент, па затоа триковите и употребите кои ви ги нудиме ќе бидат лесни и достапни за пробување.
За колку работи сте можеле да ја употребите Coca-Cola-та, а никогаш не ви текнало:
1. Природни локни
Натопете ја косата со Coca-Cola, па по 5-10 минути измијте ја со шампон. Ќе забележите дека природните локни ќе бидат многу поубави од претходно.
2. Отстранување на гума за џвакање
Нема потреба да паничите ако ви се залепила мастика во косата. Ставете малку Coca-Cola на неа и оставете неколку минути. Потоа полека отстранувајте ја мастиката. Процесот може да биде малку подолг, но барем ќе ја сочувате косата.
3. Природно осветлување на косата
Ако не сакате да ја осветлувате косата со фарба, пробајте тоа да го постигнете со редовно измивање со Coca-Cola.
4. Замена за пестициди
Некои од земјоделците откриле дека Coca-Cola пијалакот може да ги заштити нивните плодови од инсектите. Така плодовите не се прскани со хемикалии, а се заштитени од шеќерниот сируп кој го содржи овој пијалак.
5. Против чешање
Ако имате каснатини и убоди од инсекти, на местото ставете памукче потопено со Coca-Cola.
6. Чистење на тоалетот
Користете четка или сунѓерче и Coca-Cola. Оставете ја прво да делува неколку часа (или цела вечер доколку можете), па потоа добро изрибајте. Исплакнете и ќе се воодушевите.
7. Чистење на кујнските тенџериња и прибор
Наполнете ги валканите тенџериња со Coca-Cola или потопете го кујнскиот прибор во сад со Coca-Cola, оставете неколку часа, па потоа измијте како и обично.
8. Против непријатни мириси
Ако облеката ви впила непријатен мирис, потопете ја во раствор од вода и Coca-Cola со размер 1:1 пред да ја исперете. Сепак, овој метод не е препорачлив за лесни и чувствителни материјали и ткаенини.
9. Чистење на монети
Ставете ги во сад полн со Coca-Cola, нека отстојат, па потоа само исплакнете.
10. Чистење на метал
Одлично средство за чистење на за’рѓани метални површини. Само истурете Coca-Cola на валканиот дел, па истријте со сунѓерче. Ако штетата е долготрајна и тврдокорна, користете алуминиумска фолија наместо сунѓер.
М. Д. | Црнобело